Синот на Брена традиционално прави сарми, Александар Митевски со семејството: Св. Архангел Михаил во домот на познатите
- Детали
- сабота, 22 ноември 2025
Покрај Лепа Брена која секоја година прави голема слава, Св. Архангел Михаил го слави и семејството на Здравко Чолиќ, како и нашиот пејач Александар Митевски.

Вчера се празнуваше Св. Архангел Михаил, еден од најголемите верски празници во Србија.
Традиционално, пејачката Лепа Брена направи голема слава во својот дом со сопругот Боба Живојиновиќ.
Уште вчера нејзиниот помал син Виктор почна да споделува фотки од подготовките, вклучувајќи ја и подготовката на сармата.



Славеше и пејачката Неда Украден која сподели фотка од семејството, на која се гледа дел од празничната трпеза.
Семејството на Здравко Чолиќ секогаш слави скромно, во својот дом, и ретко објавуваат фотки. Но, годинава ќерка му Уна сподели фотографии од одењето во црква.

Празникот го прославува и тенисерот Новак Ѓоковиќ, но годинава не сподели фотографии од семејниот собир, туку само сподели објава на Инстаграм Стори во чест на празникот.

Празникот се слави и во Македонија. Александар Митевски сподели семејна фотографија од славата на Фејсбук.
„Денес слава имаат Александар и семејството Митевски. Нека е за многу години Св. Архангел Михаил. Да носи здравје, љубов и бериќет“, стои во описот.

Погледнете и: Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. Архангел Михаил
Спирова С. | Црнобело
