Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.800 евра
- Детали
- четврток, 02 октомври 2025
Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постариот партнер со кој ужива во луксуз, а сега се пофали и со роденденскиот подарок – чанта од 2.800 евра, но не откри од кого е.

Уна Чолиќ е постарата ќерка на Здравко Чолиќ. Таа го прослави својот 24-ти роденден со гала забава во кругот на семејството и пријателите.
Уна на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која насмеана позира со својот татко, а тој ѝ подари огромен букет црвени рози.

Покрај тоа, Уна се пофали и со скапа чанта од модната куќа Louis Vuitton, во вредност од 2.800 евра, која ја добила како подарок.

Роденденската прослава била во белградски ресторан, со квалитетна храна и весела атмосфера.

Инаку, Уна неодамна го привлече вниманието на јавноста со својот љубовен живот.
Таа објави заедничка фотографија со својот партнер, кој е десет години постар од неа.
На фотографиите парот ужива на луксузен одмор.


Прочитајте и Ќерката на Здравко Чолиќ, по долго криење, го покажа партнерот на одмор на Ибица - јахта, рози, луксуз
С. С. | Црнобело
