Добива алиментација од половина милион евра, троши 6.000 евра на храна и изгледа совршено – Ана Ивановиќ поубава од кога било

Ана Ивановиќ блеска покрај море во цветен комплет од околу 1.000 евра од брендот кој го обожава и Јелена Ѓоковиќ – поубава од кога било, ужива во животот по разводот од Швајнштајгер, кој во годишната алиментација од половина милион евра за децата, плаќа за нивниот луксузен животен стил, дадилки, готвачи и трошоци за храна од 6.000 евра месечно.

dobiva-alimentacija-od-polovina-milion-evra-troshi-iljadnici-na-hrana-i-izgleda-sovrsheno-ana-ivanovikj-poubava-od-koga-bilo-01.jpg

Неодамна кружеа гласини дека Ана Ивановиќ има нов дечко, кој го носи во нејзината милионска вила на Палма де Мајорка, но уште нема никаква потврда.

Во меѓувреме, нејзиниот поранешен сопруг Бастијан Швајнштајгер, наводно ја прекинал врската со Бугарката Силва, за која ја остави прекрасната Ана.

Сега поранешната тенисерка објави фотки на Инстаграм, со кои ги воодушеви сите заради прекрасниот изглед.

Таа е облечена во цветен комплет од брендот Charo Ruiz Ibiza, кој чини околу 1.000 евра, а моделите на оваа модна куќа ги обожава и Јелена Ѓоковиќ.

На фотките и видеата Ана изгледа совршено и блеска, па многумина пишуваат дека е поубава од кога било, но и посреќна, по разводот.

dobiva-alimentacija-od-polovina-milion-evra-troshi-iljadnici-na-hrana-i-izgleda-sovrsheno-ana-ivanovikj-poubava-od-koga-bilo-03_copy.jpg

dobiva-alimentacija-od-polovina-milion-evra-troshi-iljadnici-na-hrana-i-izgleda-sovrsheno-ana-ivanovikj-poubava-od-koga-bilo-04.jpg

dobiva-alimentacija-od-polovina-milion-evra-troshi-iljadnici-na-hrana-i-izgleda-sovrsheno-ana-ivanovikj-poubava-od-koga-bilo-05.jpg

За потсетување, минатата година парот се разведе минатата година, по 9 години заеднички живот и 3 деца.

Во бракоразводната постапка, беше одлучено Бастијан да исплаќа месечно по 15.000 евра од дете, што на годишно ниво изнесува околу половина милион евра.

Според изјавите од блиски извори објавени во германски медиуми, тој морал да плаќа за луксузниот начин на живот на кој се научени нивните деца и високите трошоци кои ги имале како семејство.

„Бастијан Швајнштајгер по разводот мора да плаќа луксузен начин на живот за Ана на Мајорка. Судијата одреди месечна алиментација од 15.000 евра по дете.

Тоа се отприлика 9 просечни бруто годишни плати за редовно вработените во Германија.

Судот оправда невообичаено висока исплата на алиментација со оглед на високите средства на Бастијан и животните трошоци кои децата ги имале пред разводот.

Според судот, семејството трошело помеѓу 6 и 7 илјади евра месечно само на храна.

Судот го земал предвид и плаќањето градинар, готвач, чистачки, како и фактот дека секое дете има дадилка“ – пишува порталот Bunte.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
„Ќе го пријавам сопругот за силување“ - Нова драма на Ана Николиќ, неколку дена по свадбата на Малди... „Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. ...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...

Најчитани неделава