„Ќе го пријавам сопругот за силување“ - Нова драма на Ана Николиќ, неколку дена по свадбата на Малдиви

„Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. Сега ќе го пријавам за силување. А тогаш ќе остане во затвор, во мрачните подруми на Дубаи, доживотно“, рекла пејачката, само неколку дена откако се омажи со композиторот Горан Ратковиќ Рале.

kje-go-prijavam-soprugot-za-siluvanje-nova-drama-na-ana-nikolikj-nekolku-dena-po-svadbata-na-maldivi-01.jpg

Српската пејачка Ана Николиќ, и композиторот Горан Ратковиќ Рале, кои пред само неколку дена се венчаа на Малдиви, веќе направија нов скандал, и тоа во Дубаи.

Според српските медиуми, парот од Малдиви заминал во Дубаи за Ана да го сними спотот за нејзината нова песна Nije mi 22.

По доаѓањето таму, толку многу се искарале, што Рале ги зел сите пари што ги имале и се вратил во Белград, а Ана останала сама во хотелот Hilton, од каде што сакале да ја избркаат.

kje-go-prijavam-soprugot-za-siluvanje-nova-drama-na-ana-nikolikj-nekolku-dena-po-svadbata-na-maldivi-02.jpg

Таа, наводно немала пари да плати за престојот, бидејќи Рале ја оставил без пари.

На Твитер се споделува и видео од хотелската соба на пејачката, на кое се гледа како вработените во хотелот ѝ ги изнесуваат куферите од собата, а кое го снимила самата Ана.

Во кратка изјава за Курир, таа се заканила дека ќе го пријави за силување и не бирала зборови за да го навреди својот нов сопруг.

„Господинот Рале е едно го*но смрдливо кое дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но, а тој е тоа.

Ако ми пријде, ќе го пријавам и ќе добие забрана за приоѓање засекогаш.

Сега ќе го пријавам за силување. А тогаш ќе остане во затвор, во мрачните подруми на Дубаи, доживотно“, рекла таа.

kje-go-prijavam-soprugot-za-siluvanje-nova-drama-na-ana-nikolikj-nekolku-dena-po-svadbata-na-maldivi-05.jpg

Композиторот, пак тврди дека тој платил околу 30.000 евра за патувањето, а дека Ана ги платила само првите авио-билети, но бидејќи пропаднале поради кавгата во тоа време, тој ги купил новите билети за ова патување.

На Твитер се шегуваат дека Ана можеби и не знае дека се омажила на патувањето.

За потсетување, парот се венча на Малдиви само неколку месеца откако Рале физички ја нападна Ана, па таа го пријави во полиција, по што му беше изречена забрана да ѝ приоѓа.

Пејачката тогаш го покажа раскрвавеното лице, го навредуваше, плачеше, но брзо потоа се смири со него и заедно отпатуваа на летување на Малдини, каде што направија венчавка на плажа.

kje-go-prijavam-soprugot-za-siluvanje-nova-drama-na-ana-nikolikj-nekolku-dena-po-svadbata-na-maldivi-04.jpg

Прочитајте и Ана Николиќ се омажи со партнерот кој ја претепа пред 2 месеца - Тајна венчавка на плажа на Малдиви

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg