Ана Николиќ се омажи со партнерот кој ја претепа пред 2 месеца - Тајна венчавка на плажа на Малдиви
- Детали
- вторник, 28 октомври 2025
Една од најскандалозните српски пејачки, Ана Николиќ, се омажи со својот партнер, композиторот Горан Ратковиќ - Рале, кого пред само два месеца го пријави во полиција дека ја натепал, а тој доби забрана да ѝ приоѓа.

Ана и Рале, ги надминаа проблемите, па заедно отпатуваа на Малдиви, каде што и се венчаа и тоа на мала церемонија на плажа.
Српските медиуми пишуваат дека парот требал да замине на одмор на Малдиви кон крајот на август, но токму тогаш се случи инцидентот поради кој Ана го пријави во полиција, а потоа и јавно го покажа раскрвавеното лице.

И иако во јавноста се зборуваше дека нивната приказна е завршена, брзо по ова тие пак почнаа да се гледаат, а сега и се венчаа.
„Сместени се во еден од најлуксузните ресорти на островот, но се договорија да не објавуваат ништо додека не се вратат.
Секако, Ана не издржа и сподели неколку фотографии од Малдиви.

Рале со себе носеше прстен да ја запроси, а таа едно утро му побарала да се венчаат, па веднаш се распрашале што треба да направат за да си го кажат таму судбоносното „да“.

Рале доби информации од вработените, кои му кажале дека церемонијата би била симболична, но не и правно обврзувачка и дека ќе треба да се венчаат во Србија за бракот да им биде признат.
Но, Ана е конечно повторно среќна,“ рекол извор за Курир.
Пејачката објави и фотка од плажа во црни бикини и наметка, а на десната рака се гледа голем прстен.

За потсетување, ова е втор брак на Николиќ. Таа претходно беше омажена за Стефан Ѓуриќ Раста, со кого има ќерка.
Прочитајте и Ана Николиќ претепана од партнерот, објави вознемирувачки кадри со повреди и крв: „Ми ја скрши слепоочницата“
А. Ј. | Црнобело