Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминка
- Детали
- понеделник, 20 април 2026
Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе победата, во сезоната на „Операција Триумф“ кога ја запознавме и преубавата Ана Бебиќ. Каде е и што прави денес?

Домашната јавност ја засака Ана Бебиќ за време на нејзиното учество во музичкото шоу „Операција Триумф“, каде што многумина ѝ предвидуваа блескава иднина на естрадата. Таа учествуваше во сезоната, кога беше и нашиот Александар Белов.
Сепак, музичката кариера падна во втор план, а таа целосно се посвети на градење семејство.

Ана на крајот на 2017 година го изговори судбоносното „да“ со Иван Ѓолиќ, успешен директор на ИТ компанија, а веќе следната пролет го роди нивниот прв син Матија.

Во една пригода откри дека партнерот ја оставил без зборови непосредно пред породувањето, изненадувајќи ја со нов стан.

Ана за регионалните медиуми изјави:
„Два дена пред породувањето со Матија завршив на некои анализи во болница, а кога Иван дојде по мене ми рече дека има изненадување.
Ме праша што би ме направило најсреќна во тој момент. Додека погодував, го прашав дали ме носи на ручек или дали земал слободен ден, а тој ми одговори: ‘Ти купив стан’.
Бев воодушевена затоа што претходно заедно го разгледувавме и многу ни се допадна, но мислевме дека ќе размислиме уште“.

Ана на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со сопругот и децата направена во кабриолет.
Ана и Иван уживаат со насмевки на лицето.
„Таков некој убав ден“, напиша Ана во описот на фотографијата.





С. С. | Црнобело
