Д-р Бабамова: Со Mizuha четките за заби ќе заборавите на забните наслаги, а ќе спречите и крварење на непцата

Брзате на состанок а предходно сте јаделе, или пак пиете црвено вино во омилениот ресторан и не ви е пријатно бидејќи виното остава црвени наслаги на забите. За среќа јапонците ги создадоа револуционерните четки Mizuha кои содржат кварц, за кои не ви треба паста и многу ефикасно ги отстрануваат забните наслаги. Идеални се за сите оние кои имаат брз начин на живот, и кои сакаат да се снајдат во секоја ситуација. Можат да се купат и во нашата земја на страната preventa.mk.

d-r-babamova-so-mizuha-chetkite-za-zabi-kje-zaboravite-na-zabnite-naslagi-a-kje-sprechite-i-krvarenje-na-nepcata-01.jpg

Бројни истражувања покажале дека присуството на кварцот на директен начин влијае на отстранувањето на забните наслаги. Имено кварцот поседува неверојатен измазнувачки ефект, со што елиминира секакви заостатоци од храна и наслаги на забите.

Тоа го прави толку темелно што високиот сјај е видлив и остава впечаток уште при првото четкање. Уште поважно е сознанието дека во текот на триењето со забните површини, кварцот ослободува голема количина на негативни јони, кои покажуваат исклучителен афинитет кон Ca++ јоните од плунката, кои се пак најодговорни за таложењето и создавањето на забниот камен.

d-r-babamova-so-mizuha-chetkite-za-zabi-kje-zaboravite-na-zabnite-naslagi-a-kje-sprechite-i-krvarenje-na-nepcata-02.jpg

“Пациентите кои користат ваков тип на четки, имаат многу помалку или воопшто немаат забен камен. Делуваат и антибактериски, што прави редукција (намалување) на бројот на бактерии во усната празнина како и на самата четка.

Докажано е влијанието врз бактериите од типот на Еsherihija Colli, Pseudomonas Aeruginosa, Staphilococcus. Сите тие се патогени бактерии кои предизвикуваат респираторни инфекции кај децата и возрасните но и инфекции на други органи и системи”вели Д-р Бабамова.

Мизуха на Јапонски означува состојба на младост свежина и ведрина. Се користи како синоним за сјајни и убави заби, свеж и чист изглед.

d-r-babamova-so-mizuha-chetkite-za-zabi-kje-zaboravite-na-zabnite-naslagi-a-kje-sprechite-i-krvarenje-na-nepcata-03.jpg

Сите производи од овој бренд, припаѓаат во категоријата на производи за орална нега, создадени со имплементирање на најнова и иновативна технологија на влакна со природна керамика, безбедни и со докажан квалитет.

На наша голема среќа и задоволство, овие производи се веќе присутни на нашиот пазар, и достапни онлајн, преку страната Превента.мк или Evit.mk.

А нам ни останува да се увериме во нивната ефикасност.

Најчитани неделава