FIFA World Cup 2026™ не се само деведесет минути фудбал, ниту само неколку натпревари по ред. За многу љубители на најважната споредна работа на светот, натпреварот започнува многу порано – кога ќе се соберат пријателите, ќе се подготват грицките, ќе се разладат пијалаците и ќе се создаде атмосфера во која заедно ќе се проследи секој гол, одбрана или познатата VAR одлука. Токму затоа, добрата организација често значи и навивање во неговото најдобро издание.