Паметните клима-уреди на Hisense носат ново ниво на летна удобност
- Детали
- вторник, 07 јули 2026
Денес, клима уредите повеќе не се само уреди за ладење на просторот во текот на летните месеци. Сè повеќе стануваат дел од паметниот дом бидејќи, покрај регулирањето на температурата, влијаат и на квалитетот на воздухот, нивото на влажност и севкупната удобност во секојдневниот живот. Корисниците сè почесто бараат решенија кои комбинираат енергетска ефикасност, тивка работа и можност за приспособување кон индивидуалните навики, поради што интелигентните функции стануваат важен дел од современите системи за климатизација.
Летните горештини не значат само високи температури – вистинската удобност подразбира простор приспособен на секојдневните потреби, без непријатно струење на воздухот, бучава и постојано рачно прилагодување на поставките. Токму на ова се темели новата генерација Hisense паметни клима уреди.
Благодарение на Smart Eye сензорот и AI Smart Airflow технологијата, Hisense клима уредите го препознаваат присуството и движењето на корисниците и автоматски ја прилагодуваат насоката на струењето на воздухот. Системот може да го следи корисникот или да избегне директно дување кон него, создавајќи попријатно и поприродно искуство при ладењето.

Потивка и поефикасна работа
Целосниот DC инвертер мотор овозможува побрзо постигнување на саканата температура со потивка и поенергетски ефикасна работа. Hisense го користи и разладното средство R32, кое го намалува влијанието врз животната средина, задржувајќи висока ефикасност на ладењето.
Hisense клима уредите имаат HI-NANO технологија за стерилизација на воздухот и интелигентно управување со струењето на воздухот, а овозможуваат и греење при надворешна температура до -22°C.
Дополнителна практичност обезбедува ConnectLife апликацијата, која им овозможува на корисниците далечинско управување со уредот, следење на потрошувачката на енергија и прилагодување на поставките преку паметен телефон.

Спонзор на Светското првенство во фудбал
Покрај развојот на паметни технологии и иновативни решенија за секојдневниот живот, Hisense продолжува да го зајакнува своето присуство и на глобалната спортска сцена. Како горд спонзор на FIFA World Cup 2026™, компанијата дополнително ја потврдува својата посветеност на поврзување на технологијата, врвните искуства и милионите корисници ширум светот, истовремено зацврстувајќи ја својата глобална препознатливост.
Уживајте во совршена клима, бидејќи со купување Hisense клима-уреди во периодот од 11.06.2026 година до 19.07.2026 година, остварувате право за регистрација за дополнителна гаранција на компресорот! Дознајте повеќе на mk.hisense.com.