Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „летечка Холанѓанка“?
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
За време на квалификациите во декември, среде лизгање падна, па ѝ пукна оделото кај задникот, ја критикуваа дека на Олимписките игри дошла со приватен лет на свршеникот наместо со тимот, а сега освои злато, додека нејзиниот популарен дечко плачеше од среќа во публика – која е девојката по која сите полудеа, а ја нарекуваат „летечка Холанѓанка“?

Холандската шампионка во брзо лизгање, Јута Лердам (27), освен што е една од најголемите ѕвезди во спортот, таа важи и за една од најатрактивните лизгачки, која остава впечаток каде и да се појави.
На Зимските олимписки игри 2026 во Милано, вчера таа го освои златниот медал во трка за брзо лизгање на 1000 метри, но исто така и го сруши рекордот со време 1:12:31.
Таа во меѓувреме се соочи со критики заради тоа што наместо да лета со нејзиниот национален тим, во Милано пристигна со приватниот џет на нејзиниот свршеник, па многумина ја нарекуваа дива која сака да се фали.

Нејзиниот дечко, позната интернет сензација, кој стана и боксер, Џејк Пол, не можеше да ги задржи солзите во публика, а на Инстаграм сподели: „Многу сум горд на тебе!“.
Што знаеме за Холанѓанката Јута Лердам?
Лердам е родена на 30 декември 1998 година, а на мраз првпат стапнала на свои 11 години, за што се смета дека е доцна според холандските стандарди.
Пред да се вљуби во брзо лизгање, таа играла хокеј 8 години, но иако ѝ се допаѓала играта, сепак повеќе ѝ одговарал индивидуален спорт.
Првата титула ја освоила на јуниорското Светско првенство во Финска во 2017 година, од Олимписките игри во 2022 си замина со сребрен медал во трка на 1000 метри, а годинава за првпат го освои олимпиското злато.
Во декември годинава имаше непријатен инцидент, кога падна на мразот и воедно ѝ пукна оделото во делот кај задникот, па таа го напушти лизгалиштето со плачење.
@mevazezocelule Jutta Leerdam is not sure of an olympic place anymore.but Jake Paul will always be Jutta’s biggest fan. Let’s hope for the best after the fall#jakepaul #skating #speedskating #juttaleerdam
♬ original sound - Mevazezo Celule
