Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов пред цел свет“
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
„Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Ние сме во контакт и тој е свесен за моите ставови за ова“, рекла девојката за норвешки медиум.

Норвешкиот олимпиец Стурла Холм Легрејд (28), кој откако освои бронза во биатлон на Олимпијадата во Милани и Кортина призна дека ја изневерил девојката, стана вистинска сензација на Игрите.
Тој во интервју во живо кажа дека пред половина година ја запознал девојката од соништата и дека по три месеци ја изневерил, а сега се надева дека поради јавното признавање, таа можеби ќе му прости и ќе му се врати.

„Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот. Најубавата и најљубезната личност на светот.
Пред три месеци ја направив мојата најголема грешка и ја изневерив, а тоа ѝ го кажав пред една недела. Ова беше најлошата недела во мојот живот“, вели тој низ солзи.

По ова, норвешкиот медиум VG успеал да ја пронајде мистериозната девојка. Оттаму не го откриваат нејзиниот идентитет, но ја пренесоа нејзината изјава.
„Тешко е да се прости. Дури и по изјавата за љубов пред целиот свет.
Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Ние сме во контакт и тој е свесен за моите ставови за ова“, рекла таа.

Девојката изразила благодарност до оние околу неа, кои ѝ помогнале да се справи со веста за неверството на својот сакан.
„Сакам да кажам благодарам на моето семејство и пријателите кои ме прегрнаа и кои ме поддржуваат во овој период.
Исто така и до сите други кои мислеа на мене и сочувствуваа, без да знаат која сум“, кажала неименувата девојка.

Видеото во кое Легрејд јавно зборива за неверството стана вирално, а тој вели дека не е подготвен да се откаже.
„Се надевам дека ова ќе ѝ покаже колку ја сакам. Ќе ги сносам последиците за она што го направив. Жалам од се срце“, изјави тој.
Прочитајте и Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости“
А. Ј. | Црнобело
