Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали додека тој слави (видео)
- Детали
- четврток, 16 јули 2026
По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од неа за да продолжи да вика од радост, додека таа не знаејќи што да прави, одглуме вештачки радување со раката, па почна да го гали по стомак сопругот – вирално се шири снимката од реакцијата.

Пред неколку дена Викторија Бекам беше вирално споделувана откако по победата на Англија, додека цело нејзино семејство скокаше од радост, таа ладно седеше без никаква емоција.
Дури и Бекам на еден Инстаграм пост во коментар се пошегува, па напиша: „Ви ветувам дека се радува и таа, ама во себе“.
На вчерашниот натпревар на Англија против Аргентина, Бекамови повторно беа на трибини со двата сина Ромео и Круз, а Викторија успеа пак да стане мета на шеги.
По голот на Англија, Дејвид и Викторија станаа и се прегрнаа, но потоа тој малку се оттргна од неа за да продолжи да се радува во свој стил со викање и со душа.
Во тој момент, таа како да не знаеше што да направи, па одглуме некоја поза во која личи дека и таа се радува со крената рака, па продолжи да го гали по стомакот додека тој уште е фокусиран на играчите на терен.
Погледнете го видеото:
Фотките и видеото од овој момент вирално се шират, а дел од коментарите гласат:
„Е овој пат претерано се труди...“
„Позира дури и кога слави. Боже, само биди природна! Кој слави вака?“
„Леле ги виде камерите и реши да ја покаже својата забавна страна“.
„Остави го да си слави слободно“.
„Што сакате сега? Вие баравте од неа да се радува...“
Сепак, на крај тие го изгубија мечот, а Дејвид на Инстаграм напиша:
„Скршено ни е срцето, но имаме спомени кои инспирираат и траат засекогаш. Му благодариме на нашиот тим, фановите и нашата држава за тоа што ни го дадоа на ова Светско првенство“.
M. M. | Црнобело