Дејвид Бекам скока радосно по победата и прекачува ограда за фанови, а Викторија е ледена кралица – парот стана хит меме
- Детали
- понеделник, 13 јули 2026
„Сепак со причина ја викаат Posh Spice, а не Sporty Spice / Бесценетиот момент кога ќе видиш колку Пош Спајс девојката обожава фудбал / Дали таа навиваше за Норвешка?“ - се дел од коментарите на фотките на кои Викторија ладно и без емоции ја следи ситуацијата додека Дејвид и синовите скокаат за победата на Англија.

На натпреварот помеѓу Англија и Норвешка на Светско 2026 викендов, на трибините беше целото семејство на Бекамови, секако освен Бруклин.

Откако Англија извојува победа, Дејвид и синовите беа забележани како скокаат и се радуваат, додека во исто време Викторија ладно седи и ја следи ситуацијата без емоции на лицето.
Таа е позната како разгалена дива која никогаш не реагира бурно и сака да остане отмена во секоја пригода, а токму таков беше и нејзиниот прекар во Spice Girls, па беше позната како Posh Spice девојка.
Очекувано, веднаш откако се појавија фотките, парот стана хит меме на социјалните мрежи, а фановите неуморно коментираат и смислуваат шеги на оваа тема.
Во продолжение погледнете дел од нив:
„Бесценетиот момент кога ќе видиш колку Пош Спајс девојката обожава фудбал“.
„Бекам семејството (барем повеќето од нив) слават по победата на Англија над Норвешка“.
„Се прашувам дали Пош Спајс навиваше за Норвешка“.
„Да бидеме фер, таа сепак е Пош Спајс, не Спорти Спајс“.
„Па добро, сепак има прекар Пош Спајс, не може да почне да вика и да скока како фудбалски хулиган...“
Инаку, што се однесува до неа, сепак си поминала добро, а на Инстаграм сподели неколку фотки со семејството на трибини.
„Вечерва беше посебен момент во Мајами за мене, моето семејство и нашата држава“ – напиша таа.


За разлика од Викторија, Дејвид е секогаш попријатен и опуштен, па подоцна се појавија и видеа на кои се гледа како облечен во одело се прекачува преку ограда, за да може да се поздрави и фотографира со фановите.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело