Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш нема да ја остави
- Детали
- среда, 31 декември 2025
Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод од писателката за која велеа дека може да му биде ќерка.

По 9 години брак, холивудскиот актер Мел Гибсон (69) побара развод од писателката и сценаристка Розалинд Рос (35).
Парот се запозна кога таа беше во раните дваесетти години, а на 26 години му кажа судбоносно „да“ на актерот. Брзо потоа двојката го доби синот Ларс, кој денес има 8 години.

Претставниците на парот изјавија дека иако се разделуваат, Гибсон и Рос ќе продолжат да се грижат заедно за својот син.
„Иако е тажно што ова поглавје од нашите животи завршува, ние сме благословени со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобрите можни родители“, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Се чини дека бракот на Гибсон и Рос веќе подолго време бил „на стаклени нозе“ и парот не можел да ги реши проблемите.
Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод, иако неколкупати изјави дека се среќни и никогаш нема да ја остави.

