Не фаќа кваки од врати и чека некој да ѝ отвори, јаде ист оброк 30 години – Чудните навики на Викторија Бекам
- Детали
- недела, 22 февруари 2026
Од 1997-ма секој ден го јаде истиот оброк од што Дејвид е разочаран, се верува дека не фаќа кваки во јавност и се појави видео на кое чека некој да дојде да ѝ отвори врата, а на една свадба целосно побарала да се смени менито за неа за што беше критикувана – какви чудни навики има Викторија Бекам?

Викторија Бекам многумина ја доживуваат како размазена, а и не се далеку од вистината, таа ужива во статусот што го има, но често се води и по некои чудни правила и принципи.
Таа не си дозволува многу слободно да го живее животот, се грижи за јавниот имиџ на семејството и секој чекор ѝ е испланиран.

Модната дизајнерка има строги правила до кои се држи, а некои од нив многумина не можат да ги разберат.
Дел од нив во продолжение:
Од 1997 го јаде истиот оброк секој ден – риба со зеленчук на пареа
Нејзиниот сопруг Дејвид во една прилика откри дека сака луѓе кои имаат вкус, но дека за жал е во брак со човек што 25 години го јаде истиот оброк секој ден и многу ретко отстапува од тоа.

Има строги правила и принципи цел живот, дури и кога е во ресторан или на свадба
Во ресторан одбива да јаде риба ако е готвена со масло, а познат шеф со Мишелин ѕвезди, се пожалил од Викторија, кога за свадбата на Серхио Рамос во 2019, побарала целосно да се измени менито за неа.
Тој претходно долго го составувал менито со младоженците, а освен чудното мени, таа побарала цела вечер да пие кокосова вода и до неа на масата постојано да има алкохолен гел за дезинфекција (што по пандемијата е нормално, но тогаш било необично и не толку популарно).

Нема фатено квака од врата во јавност
Иако ова не е потврдено од неа и веројатноста е голема да се работи само за вирална анегдота, сепак многумина веруваат откако на Инстаграм почна да се споделува постаро видео на кое таа стои пред врата и не ја допира додека да дојде човек кој ѝ ја отвора.
„Викторија нема допрено квака од 1997-ма“ – стои во описот.
Верува во моќта и енергијата на кристалите, ги носи секаде со себе
Има изјавено дека чува многу кристали на масичка покрај креветот за да ѝ помагаат да спие навечер, а изгледа ѝ носат среќа и ја смируваат, па ги носи со себе и на важни настани, како кога има своја ревија.
Во една прилика откри дека и Дејвид и децата веруваат во енергијата на кристалите и дека си ги носат со себе.

Никогаш не се смее на фотографии затоа што има навика да се смее само од левата страна
„Низ годините, изгледам мизерно на сите фотографии затоа што кога сме на црвен тепих, овој човек (Дејвид) секогаш застанува лево. И јас не знаев дека кога се смеам, се смеам на левата страна, бидејќи ако се смеам кон десно изгледам лошо. Па според тоа, се смеам навнатре и никој не може да го види тоа од другата страна“ – објасни таа во нејзиниот документарен филм.

М. М. | Црнобело
