Викторија лаже дека е од работничка класа, Дејвид ѝ ги плаќаше милионските долгови: Како Бекамови станаа милијардери?
- Детали
- понеделник, 25 мај 2026
Повеќе од една деценија, модниот бренд на Викторија Бекам работел со загуба. Во екот на пандемијата, ситуацијата била толку лоша, што Викторија била задолжена повеќе од 60 милиони долари – сума која Дејвид се плашел дека не може да ја покрие и бил загрижен дека ќе банкротираат. Но, само неколку години подоцна, Дејвид и Викторија и официјално се милијардери.

Веројатно нема пославен пар од Дејвид и Викторија Бекам, а сега, откако си го дуплираа богатството, тие и официјално станаа милијардери.
52-годишната Викторија и 51-годишниот Дејвид заработуваа од нивните кариери во музичката и спортската индустрија, а и по пензионирањето успешно го промовираат својот бренд.
Но, и тие се соочувале со предизвици, а во еден период имале и долгови поголеми од 50 милиони долари.
Како Дејвид и Викторија станаа милијардери?
Дејвид има релативно скромно потекло – роден е во Лондон, неговата мајка била фризерка, додека татко му бил инженер.
Викторија, од друга страна, иако тврдеше дека е од семејство од работничка класа, сепак пораснала опкружена со луксуз.
Некогаш нејзините родители можеби биле дел од работничката класа, но додека да се роди Викторија, веќе биле богаташи.
Па, за разлика од Дејвид, Викторија навистина имала многу повеќе можности да постави темели за сегашното богатство.
И таа и Дејвид ги почнаа нивните кариери многу млади.
Викторија беше дел од Spice Girls, една од најпопуларните поп групи во светот, додека Дејвид брзо се истакна како фудбалер.
Викторија и девојките од Spice Girls потпишуваа договори вредни и по 300 милиони долари, додека Дејвид потпиша два милионски договори во период од само две години.
Во 2007-ма, пак, потпиша петгодишен договор во вредност од околу 130 милиони долари.
Дејвид исто така почна да соработува и со познати брендови, како Adidas и Pepsi, кои му носеа исто голема заработка.
Овој период, Викторија почна да се дистанцира од музичката индустрија, па почна да се занимава со моден дизајн.
Ја почна својата линија во 2008 година и иако брендот заработуваше милиони, Викторија беше далеку од профит.
До 2019-та, нејзиниот бренд беше во загуба цели 11 години и тогаш Дејвид ѝ помогнал да го спаси така што ѝ дал 23 милиони долари.
Тој ѝ претходно ѝ позајмувал пари само за Викторија да може да го одржи брендот во живот.
Во 2019-та, Викторија лансира и линија производи за убавина кој до денес ѝ носи најголема заработка.
Сепак, среде пандемијата во 2021-ва, брендот на Викторија веќе бил заглавен во долгови во износ од над 50 милиони долари.
Па, постоело сомнеж дали воопшто ќе може да го спаси.
