Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“

Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја сподели неговата песна I Do, посветена на бракот со Хејли. Викендов пејачот сподели над 20 нови објави со фотки и видеа и некои се шегуваат дека со ова сака да ѝ го привлече вниманието на бившата.

dzhastin-biber-meta-na-shegi-za-objavite-po-svadbata-na-selena-gomez-ja-izgubi-zasekogash-01.jpg

Викендов, Селена Гомез и Бени Бланко стапија во брак, а голем дел од јавноста се интересираше како ќе изреагира Џастин Бибер.

Имаше период кога Џастин и Селена беа омилениот славен пар и многумина претпоставуваа и дека ќе се венчаат.

Но, Џастин веќе шест години е во брак со Хејли Бибер, иако се шпекулира дека се во криза, додека Селена се венча со некогашниот соработник на пејачот – Бени Бланко.

dzhastin-biber-meta-na-shegi-za-objavite-po-svadbata-na-selena-gomez-ja-izgubi-zasekogash-08.jpg

Додека фановите се пресреќни што Селена најде љубов, некои сметаат дека Џастин уште ја нема преболено.

Па, неговите Инстаграм објави од викендот се најдоа „под лупа“, особено за изборот на песна.

dzhastin-biber-meta-na-shegi-za-objavite-po-svadbata-na-selena-gomez-ja-izgubi-zasekogash-03.jpg

Џастин сподели неколку фотки и видеа од кошаркарски натпревар, а за една од објавите ја избрал неговата песна I Do, балада посветена на неговиот брак со Хејли.

И, во коментари следбениците се шегуваат дека овој пат песната ѝ ја посветил на Селена:

„Љубовта на неговиот живот се омажи“.

„Не ти текнуваше ниту една друга песна?“

„Ја изгуби, засекогаш“.

„Навистина чудно што ја избрал песната I Do на денот кога се венча неговата бивша“.

„Едвај чекав да видам што ќе објави Џастин“.

„Јас кога се обидувам да ѝ го привлечам вниманието на бившата“.

„Ја изгуби засекогаш“.

Во коментари некои споделуваат гифови од Селена Гомез, но и од Бени Бланко.

Сепак, дел од фановите застанаа во одбрана на Џастин и им порачуваат на другите „да пораснат“.

„Џастин е во брак со Хејли и има дете со неа. Оставете го на мир“.

„Треба да славите за свадбата на Селена, но не во коментари кај него“.

„Коментарите се навистина чудни. Ова е профилот на Џастин“.

„Џастин има дозвола да објавува на Инстаграм, само да ве потсетам“.

На крај, Џастин ја отстрани песната од објавата, но сличните коментари продолжија и на другите објави од викендов - пејачот има 20-тина нови објави, со по неколку фотки и видеа, само од овој викенд.

За потсетување, врската на Џастин и Селена беше потврдена околу 2011 година, кога заедно почнаа да се појавуваат на настани.

Во 2012-та тие раскинаа, за две години подоцна да ѝ дадат уште една шанса на врската.

Околу четири години беа заедно, со повремени разделби, и конечно се разделија во 2018-та.

dzhastin-biber-meta-na-shegi-za-objavite-po-svadbata-na-selena-gomez-ja-izgubi-zasekogash-02.jpg

Истата година Џастин се венча со Хејли, па затоа почна да се шпекулира дека ја изневерувал Селена, како и дека уште ја нема преболено.

dzhastin-biber-meta-na-shegi-za-objavite-po-svadbata-na-selena-gomez-ja-izgubi-zasekogash-05.jpg

Селена и сопругот Бени, пак, ја потврдија врската во 2023-та, а кон крајот на минатата година се свршија.

Низ годините Хејли Бибер честопати беше критикувана од фановите на Џастин и Селена, до тој степен, што во една пригода и Селена застана во нејзина одбрана.

dzhastin-biber-meta-na-shegi-za-objavite-po-svadbata-na-selena-gomez-ja-izgubi-zasekogash-04.jpg

Во меѓувреме, Џастин ги загрижуваше фановите со неговото чудно однесување во јавност, но во последно време тврди дека му е подобро.

Прочитајте и: Селена Гомез објави први свадбени фотки - едноставна венчаница и бидермаер од момина солза за тајната венчавка

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg