Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо?
- Детали
- петок, 20 февруари 2026
Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе се паметат, публиката си најде нови фаворити меѓу спортистите за кои ќе навива во иднина. Но, меѓу сите нив се издвои еден лик - францускиот кореограф во уметничко лизгање Беноа Ришо.

Публиката го забележа 38-годишниот Французин уште на почетокот на натпреварите во уметничко лизгање.
На ист натпревар, тој седеше покрај лизгачи од различни земји и со секој од нив носеше јакна иста како лизгачот.

Наскоро и телевизиските камери, но и луѓето на лизгалиштето почнаа да го бараат со поглед Беноа, па го снимаа како по настапот на својот кандидат и оценувањето од судиите, ја соблекува јакната што ја носи, трча на друга страна и облекува јакна од друга лизгачка федерација.

Наскоро се дозна дека Ришо е кореограф на дури 16 лизгачи, кои членуваат во 13 различни федерации.
И затоа, Французинот има 13 јакни кои ги носи со себе и ги преоблекува зависно од тоа кој негов кандидат се натпреварува.

Запрашан за јакните, тој вели:
„Сите јакни се мои. Кога лизгачите се квалификуваа, нивната федерација ме праша кој број носам, ме прашуваа за детали.
И така ги добив сите. Некои ми ги испратила дома, а некогаш ми ја даваат јакната на Олимпијадата. Ама да, имам многу јакни.
Трикот е што не понесов сè што ми дадоа, ги зедов само јакните. Ако земев сè со себе, вклучувајќи панталони и маички, ќе беше невозможно да се донесам“.
Тој открива дека не е невообичаено повеќе лизгачи да имаат еден тренер, но чудно е да се види како тој ги менува јакните во само неколку секунди и трча од едниот кон другиот олимпиец.
„Предизвикувачки е. Возбуден си затоа што еден лизгач направил нешто совршено, а веднаш потоа мора да се вратиш и да се прилагодиш на начинот на работа на некој друг.
Штом ја сменам јакната, чувствувам како да сум го променил лизгачот со кој работам.
Јас сум различен, сè зависи од лизгачот, што сака и што му треба од мене“, вели Ришо.

