Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо?
Иако има многу натпреварувачи, тој откри и зошто му веруваат.
„Олимписките игри се светиот грал, тие се најважни, па затоа сакам да дојдам со нешто поинакво.
Би сакал да направам нешто поголемо за овој спорт.
Моите лизгачи гледаат дека сум целосно посветен на нив, на сите нив. Тие не чувствуваат никаква разлика“, додал тој.

Што знаеме за Беноа Ришо?
Роден е на 16 јануари 1988 во Авињон и неодамна наполни 38 години.
Тој е тренер и кореограф, но и поранешен натпреваруваш во уметничко лизгање.
На Француското првенство еднаш бил шампион, со својата партнерка Елоди Бролие, а се натпреварувал и на Европското првенство во лизгање во сезоната 2008/09.

Трипати се натпреварувал на Светското јуниорско првенство, во лизгање во двојки, а највисокиот пласман му е седмото место.
Откако и официјално ја завршил кариерата, отворил своја школа за тренинг и кореографија во Ница.

Во 2024 ја освои наградата за „Најдобар кореограф во уметничко лизгање“ на ICU Skating Awrds.
За истата награда беше номиниран и следната година.

Кликнете и погледнете го видеото како ги менува јакните:
А. Ј. | Црнобело
