Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки станаа пријателки?
- Детали
- недела, 31 август 2025
Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на славните, а емотивен говор во нејзина чест одржа Серена Вилијамс. Таа ја нарече Марија своја сестра, нешто што беше незамисливо пред 13 години, кога во светот на спортот немаше поголеми непријателки од нив две.

За многумина беше изненадување кога Серена Вилијамс се појави да одржи говор во чест на Марија Шарапова и нејзиниот влез во Куќата на славните.
Иако до пред само една деценија тие беа лути ривалки на теренот и вон него, во својот трогателен говор, Серена кажа дека Марија е нејзина сестра, а потоа се пошегува за сметка на нејзиното гласно напрегање на теренот.
Кога Марија рече дека и Серена го прави тоа, Вилијамс ѝ врати дека „само ја копирала“.
По церемонијата, двете тенисерки споделија фотки на Инстаграм од настанот, за да си се заблагодарат за пријателството и поддршката, но и да нагласат колку многу си значат една на друга.
Овие фотографии станаа вирални, зашто јавноста не беше свесна дека од лути сопернички тие повторно станаа пријатели.
Како почна ривалство Шарапова-Вилијамс?
Помеѓу 2004 и 2019 година Серена и Марија се сретнаа 22 пати, а Американката беше подобра 20 пати.
Шарапова, сепак ја победи Вилијамс на Вимблдон во 2004 година, а Серена призна дека тоа ѝ бил еден од најболните порази во нејзиниот живот.
Но, и покрај тоа што Марија загуби дури 20 пати од Серена, таа вели дека била почестена што воопшто имала можност да игра против неа.
„Уживам секојпат кога излегувам на теренот против неа, зашто е најдобра. А секогаш сакате да играте против најдобрите. Горда сум што играм во истата ера како Серена“, рекла Марија.

И иако Серена беше доминантна на теренот, Марија „удираше“ посилно надвор од тернот и ѝ зададе неколку силни удари на својата ривалка.
Работите одеа дотаму, што двете тенисерки зборуваа многу отворено за сè, дури и за „украден дечко“.
За време на турнирите Серена преферирала да се дистанцира од другите тенисерки, дури и признала дека „соблекувалната ѝ е едно од нејмалку омилени места во светот“. Од друга страна, Шарапова често велеше дека е среќна за време на турнирите.

