Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки станаа пријателки?
Серена го искористи ова за да ја исмее, па додека била интервјуирана за магазинот Rolling Stone, ѝ се јавила на својата сестра Венус и почнала да ја имитира Шарапова: „Толку сум среќна, баш имам среќа“.
Рекла и дека Шарапова е „ужасно здодевна“ и дека „никој нема да ја кани на кул забави“. Но, најлошиот коментар од сите бил: „И, еј, ако сака да биде со тип со црно срце, слободно“.
Таа не очекувала дека сè што кажала во соблекувалната ќе биде објавено во медиумите, па признала дека била засрамена кога биле објавени деталите од овој разговор.

Подоцна се испостави дека „типот со црно срце“ е бугарскиот тенисер и заводник Григор Димитров, кој се зближи со Серена на почетокот на 2012 година.
Тие го имаа истиот тренер, Французинот Патрик Муратоглу, но Димитров го смени тренерот, а во исто време ја остави и Серена за да почне врска со Шарапова, тогашна најпопуларната девојка во светот на тенисот.
Серена била очајна. Неколку недели подоцна, во едно интервју таа кажа дека „се откажала од љубовни излегувања“.
„Едноставно не ми оди. Јас сум многу емотивна личност. Се трудам најдобро што можам. Правам грешки, како и сите други, но мојата последна врска премногу ми го скрши срцето.
Едноставно не можам повторно да поминам низ тоа. Беше тешко“, призна Серена.

Истовремено Марија ја нападна Серена, тврдејќи дека Американката е во тајна врска со оженетиот тренер.
„Ако сака да зборува за лични работи, можеби треба да зборува за својата врска, за мажот со кој се гледа, кој е оженет, кој има деца и моментално се разведува“, го вратила Марија ударот.
Серена и Муратоглу никогаш официјално не потврдија дека се во врска, но тоа беше јавна тајна долго време и се шпекулираше дека биле заедно до 2015 година.
Тој во еден момент рече дека со Серена имале „посебна врска од самиот почеток“ и дека „негова работа е да најде хемија со тенисерите“.
Тој продолжи да биде нејзин тренер до 2022 година, кога таа се пензионираше, а во тоа време веќе и беше во брак со бизнисменот Алексис Оханијан, со кого има две деца.

Шарапова и Димитров, пак, раскинаа во 2015 година, по 3 години заедно, со коментар дека нивните патишта се разделиле иако поминале многу прекрасни моменти заедно.
Марија, пак почна врска со британскиот претприемач Александар Гилкс, со кого има син, Теодор.
Откако работите се смирија, двете тенисерки почнаа да се дружат надвор од теренот, да се запознаваат и се чини дека ја закопаа воената секира засекогаш, а тоа го потврдија и со поканата на Марија, Серена да е таа што ќе држи говор на нејзината инаугурација во Куќата на славните.

А. Ј. | Црнобело
