Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, така?“

По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со дрзок новинар за тоа колкави се неговите успеси во текот на тениската кариера - видеото од нивниот разговор на пресконференцијата е вирално.

novinar-go-provocira-nole-gi-brkashe-rafa-i-rodjer-sega-siner-i-alkaraz-srpskiot-teniser-so-hit-reakcija-01.jpg

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, по меч во кој губеше 2:0 во сетови, но водеше 3:1 во третиот сет.

Поради повреда, неговиот противник, Лоренцо Мусети, го предаде мечот, а Новак по победата, замина на прес конференција со спортски новинари од целиот свет.

novinar-go-provocira-nole-gi-brkashe-rafa-i-rodjer-sega-siner-i-alkaraz-srpskiot-teniser-so-hit-reakcija-04.jpg

Меѓу нив беше и еден кој делува како да е решен да го испровоцира некогаш најдобриот светски тенисер и да го минимизира неговото „владеење“ на тениските терени кое траеше подолго од една деценија.

Своето прашење новинарот го почна со коментар: „На почетокот на кариерата ги бркавте Роџер и Рафа за титули, а сега на крајот Јаник и Карлос...“

Новак го прекинува со прашање „во кој смисол тој трча по двајцата млади тенисери“, на што новинарот му вели дека прашањето е во „смисол на освојување титули во овој момент“.

novinar-go-provocira-nole-gi-brkashe-rafa-i-rodjer-sega-siner-i-alkaraz-srpskiot-teniser-so-hit-reakcija-08.jpg

Иако е познат по својот избувлив темперамент, Ноле смирено прашува: „Значи, јас сум тој што брка постојано, мене никогаш не ме бркале?“

Новинарот му вели дека во меѓувреме освоил 24 Гренд слем турнири.

„Благодарам. Вреди да се спомене и тоа некогаш, зар не?“ го прашува Новак.

novinar-go-provocira-nole-gi-brkashe-rafa-i-rodjer-sega-siner-i-alkaraz-srpskiot-teniser-so-hit-reakcija-03.jpg

Иако се извинува, новинарот повторно го поставува прашањето слично, со фокус на периодите кога Новак не бил на самиот врв, иако блиску до него, и кога други тенисери освојувале титули, но не и тој.

„Па, ми се чини дека е малку непочитувачки да го прескокнете сè што се случи помеѓу - периодот кога јас, како што велите, почнав да ги бркам Рафа и Роџер и сега, кога наводно ги бркам Карлос и Јаник.

Веројатно има околу 15 години помеѓу тие два момента во кои доминирав на Гренд слем турнирите. Мислам дека е важно да се стави тоа во перспектива. Искрено, не чувствувам дека бркам некого.

novinar-go-provocira-nole-gi-brkashe-rafa-i-rodjer-sega-siner-i-alkaraz-srpskiot-teniser-so-hit-reakcija-02.jpg

Роџер и Рафа секогаш ќе бидат мои најголеми ривали. Имам огромна почит кон она што го прават Јаник и Карлос, што продолжуваат да го прават и што ќе прават во следните 10 до 15, можеби 20 години. Бог знае колку долго ќе играат, толку се млади.

Тоа е еден вид природен циклус во спортот. Ќе има уште две суперѕвезди, можеби трет играч - за кого ќе навивам, бидејќи секогаш бев тој трет играч на почетокот на мојата кариера - но тоа е добро за нашиот спорт.

Мислам дека овие ривалства и спротивностите во карактерите и стиловите на играње се многу добри за тенисот. Како тоа влијае на мене? Како што реков, не чувствувам дека трчам по никого“, одговара Новак.

-

Видеото од непријатниот дел на прес конференцијата е вирално, а коментарите на фановите на Новак, објавени на Твитер се дека тенисерот дури и бил културен во својот одговор:

„Лесен ритерн винер против новинарот“.

?s=46&t=1AsoJokWlvkAcWbYcoqbwQ

„Обожавам што, колку што е постар Ѓоковиќ, толку повеќе се однесува кон го**ата од судии, новинари и организатори на турнири како Микс од Зорица Марковиќ и Срѓан Ѓоковиќ“.

?s=46&t=1AsoJokWlvkAcWbYcoqbwQ

„Каков безобразлук... А Новак се смешка“.

?s=46&t=1AsoJokWlvkAcWbYcoqbwQ

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg