„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конференција

Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој се пошегува со нив: „Да не имате вие нешто да ме прашате, за тенисот или за мојата коса?“, а мама Јелена го извади синот Стефан од непријатно па го побара сопругот да излезе. 

izvinete-mozhe-li-tato-da-izleze-malku-slatko-video-od-sinot-na-gjokovikj-koj-upadna-na-pres-konferencija-01.jpg

Новак Ѓоковиќ игра на Грчкото првенство во Атина, каде неодамна се пресели со семејството, а по победата во турнирот замина на прес-конференција.

Но, додека зборуваше со претставници од медиумите, во салата влегоа неговите деца Стефан и Тара, заедно со мајка им Јелена која ѕиркаше низ врата и приредија непланирано шоу за присутните.

Синот Стефан влегува и на сите им вели „здраво“ на англиски, а тато Новак слатко се шегува со него.

„Да не имате вас двајца да ме прашате нешто, за мечот или можеби нешто за мојата фризура?“, на што синот одговара „Немаме“.

izvinete-mozhe-li-tato-da-izleze-malku-slatko-video-od-sinot-na-gjokovikj-koj-upadna-na-pres-konferencija.jpg

Јелена, сакајќи да го извади од непријатна ситуација, вели дека само сакале да се поздрават и прашува:

„Дали ќе може да ви го земеме (Новак) на секунда, па ќе се врати?“.

Тенисерот им одговара дека за минута ќе заврши и ќе дојде кај нив, а видеото од моментот вирално се шири.

Многумина ги потсети на она кога децата ќе упаднат среде школски час, па српските медиуми го објавија со опис „Извинете што прекинуваме, ќе може ли тато да излезе малку?“.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Новак Ѓоковиќ откри зошто се пресели во Атина со семејството: „Го сакаме најдоброто за децата“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Евгениј Поп Ацев (37) го преплива Ла Манш за помалку од 10 часа - стана петтиот Македонец со овој пл... Пред Евгениј Поп Ацев, истиот пливачки подвиг го остварија и Нико Нестор, Атина ...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Сензацинален скок кој 50 години беше забранет во уметничкото лизгање ја воодушеви публиката - И Ноле... Младиот лизгач Илиа Малинин (21) имаше неверојатен настап на Зимската олимп...
Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
Вознемирувачко видео: Лизгачка беше пресечена со сечилото од лизгалка на лице на ЗОИ - Се огласи од ... На Зимските Олипмписки Игри се случи уште еден драматичен инцидент во четвртфина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg