Сензацинален скок кој 50 години беше забранет во уметничкото лизгање ја воодушеви публиката - И Ноле се фати за глава (видео)
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
Младиот лизгач Илиа Малинин (21) имаше неверојатен настап на Зимската олимпијада. Тој изведе салто наназад (бекфлип), елемент кој беше забранет пола век, а за кој и денес се тврди дека скоро и да не постои лизгач што може да го направи беспрекорно - но нему му успеа!

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се во Милано, меѓу публиката на Зимските олимписки игри.
Тие присуствуваа на натпреварите во уметничко лизгање, а камерите честопати освен натпреварувачите, го покажуваа и еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Токму тие ја забележаа реакцијата на Ноле кога младиот американски лизгач со руско потекло, Илиа Малинин, во својата точка изведе бекфлип - салто наназад кое 50 години беше забрането на натпреварувањата.
Тоа е најтешкиот и најризичен скок во уметничкото лизгање. Иако технички е можно да се изведе, Меѓународната унија за лизгање (ISU) го забрануваше поради стравот за безбедноста на лизгачите.

Врвните луѓе на овој спорт тврдеа дека овој елемент скоро и да не може да се изврши без ризик од сериозни повреди на колената, колковите или ‘рбетот.
Поради ова во 1976 година се донесе препорака (или одлука) ризичниот скок да не се вметнува во кореографиите.

Првиот кој ја „прекрши забраната“ беше Јапонецот Јузуру Ханју - тој имаше обид за четирикратен аксел во 2022 година.
Тој технички не беше доволно совршен за да биде целосно валидиран од судиите, но влезе во историјата како прв официјално признат обид за овој скок на големо натпреварување.
По ова ISU ја „отвори вратата“ кон она што беше незамисливо со децении. Денес, иако ова движење веќе не е забрането, но останува исклучително ретко.

Малку лизгачи се осмелуваат да го направат, а уште помалку имаат физички и технички капацитет да го изведат чисто, но тоа му успеа на Малинин.
Тој им донесе злато на САД во екипното натпреварување во уметничко лизгање, а по она што го направи, стана апсолутна ѕвезда на Олимпијадата во Милано и Кортина.
Илиа е роден во 2004 година во Вирџинија, но има руско потекло.

Неговата мајка, Татјана Малинина, беше врвна руска лизгачка која се натпреваруваше за Узбекистан, исто како и неговиот татко, Роман Скорњаков.
Тие емигрираа во САД каде што е роден Илиа, а тој го следеше патот на своите родители.
Малинин е повеќекратен јуниорски шампион на САД, кој држи и неколку лизгачки рекорди.

По победата, Илиа изјави дека не може да поверува дека Новак Ѓоковиќ дошол да го гледа.
„Тоа што Новак беше таму, ми беше, искрено, нереално. Ми кажаа дека откако го направив салтото наназад, тој подзинал и се фатил со рацете на главата. Си помислив: ‘О, Боже мој, тоа е неверојатно’,“ кажал олимпискиот шампион.
Инаку, младиот лизгач е познат по правењето четирикратен аксел, елемент која бара неверојатни четири и пол вртења во воздух.
Погледнете го целиот настап на Илиа Малинин:
А. Ј. | Црнобело
