Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља за животните предизвици
- Детали
- недела, 19 јули 2026
„Не беше среќен во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе поминеше 2 или 3 часа таму и не му се допаѓаше, па мораше да го земеме. Тоа многу влијае и на вас како родители, не го разбирате своето дете и не знаете како да му помогнете“, вели Марк Кикуреља, фудбалерот кој вечерва игра во финалето на СП2026 и се бори за шампионската титула.

Фудбалерот Марк Кукуреља се пласираше во финалето на Светското првенство 2026 со шпанската репрезентација, а најголема поддршка на патот кон успехот му е неговото семејство.
Но, најголем мотив за успех, пак, му е синот кој има аутизам, и поради кој Кукуреља неколкупати се откажал од големи професионални можности, а ги одбил зашто не биле добри за неговото дете.

Иако вели дека не сака да открива детали за својата приватност, фудбалерот постојано зборува за аутистичниот син, за да ја подигне свеста за ситуацијата во која се наоѓаат многу родители со своите деца, низ целиот свет.
Кукуреља, кој игра на позицијата лев бек, кој оваа година стана играч на Реал Мадрид.

Неговата кариера почна во фудбалската школа „Ла Масија“ во Барселона, по што не доби шанса да игра дома, туку тргна кон Англија каде што оствари завиден успех.
Оттаму се врати во Шпанија како големо име во светскиот фудбал.

Но, покрај многуте предизвици во текот на кариера, еден од најголемите предизвици сепак ги доживеа во приватниот живот, кога дозна дека неговиот најстар син, Матео е роден со аутизам.
Освен Матео, Кукуреља и неговата сакана Клаудија родригез, имаат уште две деца, синот Рио и ќерката Бела.
