Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља за животните предизвици
Макс и Клаудија се заедно од 2018 година, а Клаудија имала 20 години кога го родила Матео во 2020 година.
Една година подоцна таа сфатила дека нејзиниот син не е како неговите врсници, деца на таа возраст што таа ги познавала.

„Сфатив дека нешто се случува кога имаше 13 месеци, кога тргна во градинка.
Забележавме разлики кога го споредувавме со другите деца, но бидејќи ми беше прво дете, не бев сигурна дали е тоа нормално.
Мислев дека ќе му треба повеќе време да се развие од другите деца.

Матео не воспоставуваше контакт со очите, не одговараше и не се вртеше кога ќе го викневме по име, беше многу ладен.
Не го интересираше што правиме, не обрнуваше внимание на нас…
Но, врз основа на она што го знаев за аутизмот во тоа време, не мислев дека тоа е проблемот.
Матео е супер нежен, и едноставно тоа што се случува немаше смисла“, рекла Клаудија.

Откако момчето не прозборело, тие се консултирале со лекар кој им кажал дека некои деца почнуваат да зборуваат подоцна.
Поради честите инфекции на увото, Матео бил опериран, а лекарите сметале дека тоа е причината што тој не одговара кога го викале по име.

Но, набрзо им станало јасно што го прави момчето различно од врсниците.
„Ни кажаа дека Матео има аутизам. Благодарна сум што дознавме толку рано, иако би сакала да го сфатев тоа многу порано“, рекла Клаудија.
