Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља за животните предизвици
За состојбата на синот, фудбалерот во едно интервју рекол:
„Тешко е. Никој не те учи како да бидеш родител, но на крајот сепак ќе научиш.
Аутистично дете не ги разбира работите како неговите браќа и сестри, морате да научите како да го разберете.
Тоа многу влијае на него, не го познавате добро и не знаете како да му помогнете.

Не му одеше добро ни во градинка, често беше вознемирен, не беше среќен.
Не се прилагодуваше, постојано плачеше. Ќе поминеше два или три часа таму и не му се допаѓаше, па мораше да го земеме.
Тоа многу влијае и на вас, не го разбирате вистински своето дете и не знаете како да му помогнете“.

Поради синот, двојката честопати ги ограничувала своите активности и го подредувале животот за Матео да добие сè што му треба.
Се труделе заедно да го носат во градинка на училиште, од каде што не добивале соодветна поддршка.

Тие се обидувале и да создадат рутини што ќе му го олеснат животот на нивниот син, дури и за време на втората и третата бременост на Клаудија.
„Секој ден се враќавме дома со плачење“, признала таа.

Затоа Кукуреља, одбил неколку клуба што биле заинтересирани за него, а сега при изборот на нов клуб, најмногу внимание посветува на тоа дали новата средина ќе му одговара на неговиот син.
„Тоа ми го промени животот, ме натера да го ценам повеќе.
Не би одел во ниту еден клуб кој се наоѓа некаде каде што не би можел да најдам училиште или терапија што му одговара на мојот син. Семејството е на прво место“, нагласил фудбалерот.

А. Ј. | Црнобело