Новак Ѓоковиќ откри зошто се пресели во Атина со семејството: „Го сакаме најдоброто за децата“

Новак Ѓоковиќ се исели од Србија и избега од контроверзии, мирот го пронајде во Атина и за првпат проговори за одлуката: „Искрено, не го планирав ова многу однапред. Всушност, многу работи се случија во последните две години и донесов нови одлуки. Имаме две мали деца и се трудиме да се адаптираме и да ја најдеме најдобрата средина за нив“. 

novak-gjokovikj-prvpat-prozbore-otkako-se-preseli-vo-atina-so-semejstvoto-go-sakame-najdobroto-za-decata-01.jpg

Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена и двете деца Стефан и Тара, се пресели во Атина.

Во медиумите се шпекулираше дека причината e тоа што стана мета на власта откако отворено ги поддржа студентските протести против српската влада.

Сепак тој никогаш го нема потврдено ова, а во интервју за грчкиот медиум SDNA, тенисерот сега за првпат проговори за селидбата.

„Искрено, не го планирав ова многу однапред. Всушност, многу работи се случија во последните две години и донесов нови одлуки, професионално и приватно.

Но, тоа е животот. Имаме две мали деца и се трудиме да се адаптираме и да ја најдеме најдобрата средина за нив.

Тоа ни е приотет – тие да пораснат во околина која што е колку што е можно поповолна за нивното психолошко, физичко и емоционално здравје.

И на крајот на краиштата, сакаме да имаме повеќе време за нас како семејство“ – вели Новак по повод селењето во грчката престолнина.

Инаку, Ѓоковиќ моментално се подготвува за неговото прво грчко првенство, а изминатиот период го користеше за уживање во Атина, посета на знаменитости, шопинг со синот и дружење со фанови кои го застануваат за фотографија.

„Полнење со енергија од грчките богови“ – напиша тој на последните фотки на кои позира во Атина.

5

novak-gjokovikj-prvpat-prozbore-otkako-se-preseli-vo-atina-so-semejstvoto-go-sakame-najdobroto-za-decata-02.jpg

Децата Стефан и Тара се запишани во приватно британско училиште, а целото семејство изгледа како да ужива во грчката ера, каде се топло пречекани од локалниот народ. 

novak-gjokovikj-prvpat-prozbore-otkako-se-preseli-vo-atina-so-semejstvoto-go-sakame-najdobroto-za-decata-05_copy.jpg

novak-gjokovikj-prvpat-prozbore-otkako-se-preseli-vo-atina-so-semejstvoto-go-sakame-najdobroto-za-decata-04.jpg

novak-gjokovikj-prvpat-prozbore-otkako-se-preseli-vo-atina-so-semejstvoto-go-sakame-najdobroto-za-decata-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Синот на Брена традиционално прави сарми, Александар Митевски со семејството: Св. Архангел Михаил во... Покрај Лепа Брена која секоја година прави голема слава, Св. Архангел Михаил го ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...

Најчитани неделава