Евгениј Поп Ацев (37) го преплива Ла Манш за помалку од 10 часа - стана петтиот Македонец со овој пливачки подвиг
- Детали
- вторник, 26 август 2025
Пред Евгениј Поп Ацев, истиот пливачки подвиг го остварија и Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски во 2010-та година.

Македонскиот пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев (37), го преплива каналот Ла Манш помеѓу Англија и Франција и со тоа стана петтиот Македонец кому му успеал овој подвиг.

За да го преплива каналот долг над 33km, на Поп Ацев за што му требаа помалку од 10 часа, односно 9 часа и 43 минути.
„Огромни честитки за Евгениј Поп Ацев, кој го комплетираше пливањето во Ла Манш за неверојатно време од 09:43:00“, објави Пливачката асоцијација на Ла Манш.

Евгениј е еден од најуспешните македонски пливачки маратонци.

Во оваа дисциплина тој се натпреваруваше од 2007 до 2021 година, а во 2015 стана првиот Македонец кој победил на Охридскиот пливачки маратон.

Пред него, уште 4 познати пливачки имиња го препливаа Ла Манш и тоа Нико Нестор во 1959-та, Атина Бојаџи во 1969-та, Томи Стефановски во 2009-та и Игор Димовски во 2010-та година.
Погледнете повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело
