Македонецот Виктор Петков го имаше првиот настап на Олимпијада 2026: „Го освои 55-то место во силна светска конкуренција“

„Покажувајќи голема смиреност и добра тактика во второто возење, младиот Петков успеа да го поправи својот пласман и да се искачи на конечната 55-та позиција“, велат од Македонскиот олимписки комитет за нашиот скијач Виктор Петков.

makedonecot-viktor-petkov-go-imashe-prviot-nastap-na-olimpijada-2026-go-osvoi-55-to-mesto-vo-silna-svetska-konkurencija-01.jpg

Нашиот скијач Виктор Петков денес го имаше своето деби на Зимските олимписки игри.

Во дисциплината велеслалом тој го освои 55-то место од силната конкуренција.

По неговиот настап, од Македонскиот олимписки комитет споделија неколку фотографии од нашиот натпреварувач.

makedonecot-viktor-petkov-go-imashe-prviot-nastap-na-olimpijada-2026-go-osvoi-55-to-mesto-vo-silna-svetska-konkurencija-02.jpg

„Храбар деби-настап на Виктор Петков:

Македонскиот олимпиец го освои 55-то место во велеслалом – ЗОИ Милано Кортина 2026

Македонскиот алпски скијач, Виктор Петков го заврши својот прв олимписки настап на Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026.

На една од најпредизвикувачките патеки во светот, 'Стелвио' во Бормио, Петков во дисциплината велеслалом го освои 55-то место во силната светска конкуренција.

Оваа велеслаломска трка беше одбележана со екстремно високо темпо и историски резултати.

makedonecot-viktor-petkov-go-imashe-prviot-nastap-na-olimpijada-2026-go-osvoi-55-to-mesto-vo-silna-svetska-konkurencija-03.jpg

По првата трка, Виктор се наоѓаше на делба на 57-та позиција со остварено време од 1:27,36 минути. За тежината на патеката и нивото на конкуренцијата зборува и фактот што водечки по првото возење беше извонредниот Лукас Пињеиро Братен (Бразил), кој подоцна стана и сензационален олимписки шампион.

Покажувајќи голема смиреност и добра тактика во второто возење, младиот Петков успеа да го поправи својот пласман и да се искачи на конечната 55-та позиција.

Со овој резултат, Виктор успешно ја заврши својата мисија на овие зимски Олимписки игри, потврдувајќи го својот потенцијал како иден предводник на македонското алпско скијање“, пишува на Фејсбук објавата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg