Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпреварување
- Детали
- недела, 17 мај 2026
Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире Лазаров изборија пласман на Светското првенство и во јануари 2027 со цело срце пак ќе навиваме за нив.

Вечерва во арената „Борис Трајковски“ во Скопје се одигра реванш натпреварот Македонија - Словачка, од баражот за Светското првенство во ракомет.
Откако првиот натпревар на гости го добија со 31-24, нашите ракометари вечерва одиграа 38-23 (18-11) и изборија пласман на првенството.
За Македонија ова ќе биде десетти настап на Светско првенство, а лидери во големата победа денеска беа капитенот Кузмановски со 11 погодоци, Мартин Велковски со шест и Лазаревски со пет погодоци.
Пласман на СП 2027 во Германија преку баражот изборија: Норвешка, Фарски острови, Шпанија, Грција, Полска, Франција, Словенија, Србија и Италија.
Следното Светско првенство во ракомет ќе се игра во Германија.
А. Ј. | Црнобело