Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика

Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Светско првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во август во Франкфурт, Германија.

ilina-sokolovska-prvpat-ja-nosi-makedonija-na-svetsko-prvenstvo-po-ritmichka-gimnastika-01.jpg 

Таа пред неколку дена настапи на Евроспкото првенство во ритмичка гимнастика во Варна, Бугарија, натпревар, кој е клучен за квалификации за Светско.

Илина Соколовска живее со семејството во Германија, веќе одамна е дел од Бундес лигата, но посебно среќна ја прават натпреварите за Македонија, бидејќи, како што вели, пасошот и знамето се од Македонија.

Но, без оглед што живее во Германија, Илина на своја кожа имаше можност да ја почувтсвува политичката поделеност, која има навлезено во сите свери на живеењето во Македонија и која им става сопки на сите млади спортисти, кои сакаат да напредуваат и да и го обелат образот на државата во всетот. За подготовките и настапите за да си го оствари сонот и да го вее македонското знаме на Светско првенство, Илина буквaлно се плати од свој џеб, благодарејќи на родителите, кои и се неизмерна поддршка.

ilina-sokolovska-prvpat-ja-nosi-makedonija-na-svetsko-prvenstvo-po-ritmichka-gimnastika-02.jpg

Во спортот во светот никого не го интересира која партија е на власт и од која држва кој доаѓа,  за нив е најважно кој колку е подготвен и какви резултати постигнува. Што, за жал, кај нас не е така. Затоа Илина за да го постигне овој резултат беше на подготовки во Азербејџан, кои како свое дете ја тренираа за да постигнува резултати за туѓа држава- за Македонија!

 -Јас два месеци претстојував во Баку, Азербејџан на подготовки. За време  на тренинг кампот учествував на AGF Trophy World Cup, кој се одржа од 17 до 19 април, како и на European CUP на 3 мај.  Премногу сум благодарна на Љупчо Арнаудов, претседателот на ФГСРМ, кој ми овозможи да бидам на тренинг камп во Азербејџан. Исто така на Федерацијата на Азрбејџан и сите што ми помогнаа додека бев таму , посебно Алија Пашаева. Таа ме тренираше секој ден и ми помогна да ги зацврстам кореографиите за на Европското првенство во Варна, кое се одржа од 27-31 мај.  Имав одлични услови за тренинг какви што немам дома. Тренирав во високо опремена и професинална сала  и под водство на искусни тренери. Тренирав шест пати неделно, по два пати на ден, а добивав и дополнителни часови по балет.Штета што не ги имам тие услови редовно, бидејќи без таков редовен тренинг не може да се очекуваат успеси на високо ниво, вели таа и додава:

ilina-sokolovska-prvpat-ja-nosi-makedonija-na-svetsko-prvenstvo-po-ritmichka-gimnastika-03.jpg

-Јас навистина не знам каков спор има Министерството за спорт и федерацијата за гимнастика и како спортист тоа и не треба да ме интересира. Но, не можам а да не гледам кога за се што е потребно за мене да ја претставувам Македонија на евроспки и светски натпревари моите родители ги покриваат сите трошоци. Ние на натпреварувањата немаме ни свои судии, а без тоа нема резултати.  Сега на натреварот Европско првенство во Варна за прв пат имав своја судика, Ефрозина Наумова од Бугариjа. Многу и се заблагодарувам што беше дел од нашиот национален тим. Навистина е чудно туѓи држави да ме подготвуваат за да постигнувам резултати за својата држава, вели Илина.

Илина ја има среќата што нејзините родители можат да и помогнат да го оставри спортскиот сон, но талентираните деца од Македонија кои ја немаат таа можност остануваат да венат во нашиот затворен круг и со уништени соништа.

-Сега треба да кажам благодарам на Азербејџан, затоа што тие ме подготвија за да го постигнам тој резултат за Македонија. Затоа пак ќе кажам дека сето ова го правам затоа што си ја сакам Македонија, вели Илина.

ilina-sokolovska-prvpat-ja-nosi-makedonija-na-svetsko-prvenstvo-po-ritmichka-gimnastika-04.jpg

Фото: Ричард Мерлен

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
Популарни, згодни, успешни - Кои се сопругите и девојките на фудбалерите што ќе играат на Светско 20... Помина времето кога партнерките на фудбалерите беа познати само поради врската с...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...

Најчитани неделава