Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист на годината

Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории. Наградите „13 Ноември“ се доделуваат по 55-ти пат, традиција што започна уште во 1970 година.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-plivachot-evgenij-pop-acev-sportist-na-godinata-01.JPG

На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ беа доделени 10 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. Оваа награда претставува признание за исклучителниот придонес на добитниците, кои оставиле трајна трага во развојот на спортот и во промоцијата на спортските вредности во нашата заедница.

Наградата „13 Ноември“ - Спортист му беше доделена на еден од најуспешните македонски пливачи Евгениј Поп Ацев, кој минатата година го преплива Ла Манш, во должина од 33 километри, со време од 9 часа и 43 минути, и со тоа стана петтиот македонец кој го препливал каналот. Ова е уште еден огромен успех на Евгениј Поп Ацев кој со ова достигнување го дополни неговото богато спортско творештво.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-plivachot-evgenij-pop-acev-sportist-na-godinata02.JPG

Наградата Тренер ја доби македонската ракометна легенда Кире Лазаров, кој предводејќи го РК Алкалоид стигна до титулата ЕХФ Европски куп за мажи 24/25, а наградата Спортска екипа му припадна токму на ракометниот клуб Алкалоид.

Наградите Спортски работник за животно дело ги добија поранешната атлетичарка Божурка Ѓошевска и Кирил Михаилов, спортски фоторепортер и организатор на автомобилиски трки. Ѓошеска како тренер на Атлетскиот Клуб Работнички и професорка во ДУФК М.М.Брицо, целиот свој работен век го посвети на спортот, развојот на атлетиката, создавајки врвни атлетичари, додека  Михаилов е активно вклучен во организација на автомобилистички трки во рамките на АМСМ уште од 80-тите години на минатиот век и до ден-денешен е активен фоторепортер на сите автомобилистики натпревари.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-plivachot-evgenij-pop-acev-sportist-na-godinata03.JPG

Останатите пет награди им припаднаа на спортските работници Мр. Горан Мицкоски (стручен соработник во Џудо Федерацијата на Македонија и дел од организациски тим на македонската џудо федерација), Јордан Тасевски (Претседател на Македонската Федерација во Спортско Стрелаштво), спортскиот новинар во порталот „Екипа“, Владимир Булатовиќ, како и на Александар Аргироски (професор по физичко образование, спорт и здравје во ООУ Петар Поп Арсов од Скопје) и професорката Ана Јакимовска Стричевиќ од ДУФК М.М. Брицо – Скопје.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-plivachot-evgenij-pop-acev-sportist-na-godinata04.JPG

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-plivachot-evgenij-pop-acev-sportist-na-godinata05.JPG

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-plivachot-evgenij-pop-acev-sportist-na-godinata06.JPG

Би можело да ве интересира:

Евгениј Поп Ацев (37) го преплива Ла Манш за помалку од 10 часа - стана петтиот Македонец со овој пл... Пред Евгениј Поп Ацев, истиот пливачки подвиг го остварија и Нико Нестор, Атина ...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Родителите му загинаа во авионска несреќа – Син на шампиони во лизгање им го оствари сонот на Олимпи... Максим Наумов е син на светските шампиони во уметничко лизгање од 1994 година, В...
Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg