ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството

На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во поддршка за Скопје по разорниот земјотрес – вечерва светот повторно беше сведок на единство: преку спортот, солидарноста и пријателствата што се родија за време на ЕМОФ Скопје 2025

emof-skopje-2025-svecheno-zatvoren-evropa-obedineta-preku-sportot-solidarnosta-i-prijatelstvoto-05.jpeg

Пред спортскиот центар „Јане Сандански“, со емотивна и инспиративна церемонија, вечерва беше свечено затворен Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Изминатата недела, Скопје и Куманово беа епицентарот на олимпискиот младински дух.

Церемонијата започна со видео-анимации инспирирани од спортските дисциплини и симболиката на ЕМОФ, проследени со поздрав до сите учесници – младите спортисти, тренерите, делегациите и волонтерите – кои со својата енергија и посветеност испишаа нова олимписка приказна за Европа.

emof-skopje-2025-svecheno-zatvoren-evropa-obedineta-preku-sportot-solidarnosta-i-prijatelstvoto-01.jpeg

Програмата продолжи со интонирање на химната на Македонија и свечена парада на делегациите, по што на сцената се појавија 20 волонтери – симболично претставувајќи ги над 700 ентузијасти кои несебично придонесоа за реализацијата на фестивалот.

emof-skopje-2025-svecheno-zatvoren-evropa-obedineta-preku-sportot-solidarnosta-i-prijatelstvoto-02.jpeg

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски им се заблагодари на сите учесници и истакна дека Македонија повторно покажа дека може да организира настан од европско значење со срце, страст и професионалност.

„Македонија беше горд домаќин на новата генерација олимписки надежи. Она што го сведочевме за време на ЕМОФ Скопје 2025 беше многу повеќе од спортски натпревари. Тоа беше прослава на младоста, на искреното пријателство, на взаемната почит и инспиративниот дух што нè обедини. Овие млади спортисти нè потсетија на вистинските олимписки вредности – единство, страст и извонредност. Горди сме што Македонија не само што покажа дека може да организира настан од ваков обем со професионалност и срце, туку уште повеќе – дека може да инспирира и да обедини луѓе од цела Европа. Ви благодариме што ја споделивте вашата енергија, вашите соништа и вашата младост со нас. Ова е наследство што ќе го носиме понатаму,“ рече Димевски.

emof-skopje-2025-svecheno-zatvoren-evropa-obedineta-preku-sportot-solidarnosta-i-prijatelstvoto-03.jpeg

Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос, официјално го прогласи фестивалот за затворен. Беше интонирана химната на Европските олимписки комитети – „Ода на радоста“, беше свечено спуштено знамето на ЕОК, а олимпискиот оган на ЕМОФ беше изгаснат.

„Каква неверојатна недела зад нас! Имавме голема привилегија да бидеме сведоци на напорната работа, страста, ентузијазмот и радоста на нашите прекрасни спортисти. Од спектакуларни настапи до незаборавни прослави – и, пред сè, вашата искрена почит едни кон други, покажавте што значи вистински спортски дух. Милиони луѓе низ Европа ги следеа вашите приказни преку нашите преноси и стриминг платформи. И тие, како и ние, беа трогнати, инспирирани и возвишени. Честитки до сите 4.000 учесници во 15 спортови,“ рече Капралос.

emof-skopje-2025-svecheno-zatvoren-evropa-obedineta-preku-sportot-solidarnosta-i-prijatelstvoto-04.jpeg

Маскотата Shiny последен пат ги поздрави присутните и го предаде знамето на ЕОК, кое потоа беше врачено на градоначалничката на Лињано Сабјадоро, Лаура Ѓорџи, и на Џорџо Брандолин, претседател на организацискиот одбор на следниот летен ЕМОФ – Лињано Сабјадоро 2027.

Церемонијата заврши со спектакуларен настап на Кирил Џајковски – пионерот на електронската музика на Балканот – чиј концерт создаде вистинска еуфорична атмосфера надвор од арената. Со својот уникатен спој на електро, етно и брејкбит, Џајковски ја подигна енергијата на ниво на фестивалски спектакл, обединувајќи ја младината на Европа преку музиката како универзален јазик на слободата и заедништвото. Неговиот настап беше вистинскиот завршен акорд на фестивал полн со емоции, спорт и инспирација.

emof-skopje-2025-svecheno-zatvoren-evropa-obedineta-preku-sportot-solidarnosta-i-prijatelstvoto-06.jpeg

На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во поддршка за Скопје по разорниот земјотрес – вечерва светот повторно беше сведок на единство: преку спортот, солидарноста и пријателствата што се родија за време на ЕМОФ Скопје 2025.

Со официјалното завршување на ЕМОФ Скопје 2025, финалниот пласман по број на медали ги истакнува најуспешните национални делегации на фестивалот:

  • Италија – 19 златни, 19 сребрени, 12 бронзени — вкупно 50 медали
  • Франција – 15 златни, 18 сребрени, 5 бронзени — вкупно 38 медали
  • Шпанија – 10 златни, 11 сребрени, 12 бронзени — вкупно 33 медали
  • Полска – 10 златни, 6 сребрени, 11 бронзени — вкупно 27 медали
  • Турција – 10 златни, 7 сребрени, 9 бронзени — вкупно 26 медали
  • Унгарија – 10 златни, 5 сребрени, 11 бронзени — вкупно 26 медали
  • Обединето Кралство – 10 златни, 7 сребрени, 5 бронзени — вкупно 22 медали

ЕМОФ Скопје 2025 ќе остане запаметен како фестивал на младоста, пријателството, фер-плејот и европското единство.

Би можело да ве интересира:

Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист н... Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје,...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg