Родителите му загинаа во авионска несреќа – Син на шампиони во лизгање им го оствари сонот на Олимпијадата
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
Максим Наумов е син на светските шампиони во уметничко лизгање од 1994 година, Вадим Наумов и Евгенија Шишкова, а кои беа меѓу 67 лица што загинаа во јануари 2025 во авионска несреќа. Еден од нивните последни разговори се однесувал на тоа како Максим да стигне на Олимпијадата.

Максим Наумов, американски претставник во уметничко лизгање, го имаше своето деби на Олимпијадата во Милано и Кортина, една година откако ги загуби двајцата родители во трагична авионска несреќа.
Тој изјави дека го почувствувал „присуството“ на неговите покојни мајка и татко додека лизгал.

Наумов е син на светските шампиони во уметничко лизгање од 1994 година, Вадим Наумов и Евгенија Шишкова, а кои беа меѓу 67-те лица што загинаа во јануари 2025, кога комерцијален авион се судри во воздух со хеликоптер на американската армијата над реката Потомак во областа на Вашингтон.
Комерцијалниот лет превезувал неколку млади лизгачи, нивните родители и нивните тренери - тие се враќаа од националниот камп за развој на уметничко лизгање во Вичита, Канзас.

Лизгајќи на Олимпијадата во Милано, Наумов имаше трогателен настап за кој рече дека го посветува на неговите родители.
„Се чувствував како да ме водеа. Таа целокупна смиреност и тишина што ја имав, беше различна од сè што чувствував претходно.
Се наведнував кон неа, се наведнував сè повеќе и повеќе.
Се чувствував како да ме водеа, како рака на грбот што ме турка напред… само ме движи од елемент до елемент“, рекол тој за Olympics.com.

Зборувајќи за своите покојни родители, тој вели дека се надева дека се гордеат со него, гледајќи го од горе.
„Навистина се надевам дека ќе ги направам горди. Тие се моите суперхерои, тие се мојата најголема поддршка и само сакав да се чувствуваат горди со мене.

Наумов е дел во машкиот олимписки тим на САД заедно со Илиа Малинин и Ендру Торгашев.
По настапот на Олимпијадата, додека ги чекаше резултатите, тој држеше нивна фотографија во рацете и ја бакнуваше, гледаше кон небото.

А на фотката е тој како мало дете кое стои меѓу неговите родители, додека првпат стапнува на мразот.
Во изминатата година, Наумов неколкупати кажа дека еден од последните разговори што ги имал со родителите се однесувал на тоа што треба да направи за да стигне до Олимписките игри.
„Инспириран сум од нив уште од првиот ден, уште откако заедно стапнавме на мразот“, рече Наумов по настапот.

Погледнете го неговиот настап:
А. Ј. | Црнобело
