Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата?
- Детали
- понеделник, 26 јануари 2026
Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година падна на скијање на Алпите, при што ја повреди главата и падна во кома - оттогаш никој не го видел во јавноста. Новите информации сепак се позитивни и даваат надеж дека е добар.

Откако по страшниот пад Михаел Шумахер беше итно пренесен во болница (пред повеќе од 12 години), никој не го видел во јавноста, а за неговото здравје и за неговиот изглед се шпекулира со години.
Семејството, пак, никогаш не зборува за здравјето на Михаел, само се начнува темата во документарниот филм на Нетфликс, во кој е директно како соговорник вклучена неговата сопруга Корина.
Со сопругата Корина
Во времето на излегување на документарецот многумина се надеваа дека ќе дознаат нешто повеќе за Шумахер, но тоа не се случи.
Последните информации се дека по долги години физикална терапија, Шумахер веќе не е врзан за кревет.

Тој, наводно веќе не лежи цело време, туку дека сега веќе може да седи, пренесе Daily Mail.
Иако во минатото се шпекулираше дека комуницира само со трепкање, сега, се вели дека зборува, но не премногу.

Британскиот таблоид се повикува на извор близок на семејството, личност која наводно била во контакт со легендарниот возач, а која тврди дека Шумахер изгледа добро и дека самостојно може да седне.
Тој со години живее на релација Швајцарија - Мајорка (Шпанија), во замок вреден 30 милиони евра, со силно приватно обезбедување и до кој, освен семејството, пристап има само привилегиран круг на луѓе.
Имотот во Мајорка
Според изворот на Daily Mail, иако не може да оди, тој сега може да седи во инвалидска количка, а за него се грижат медицински сестри и терапевти.
Иако имаше шпекулации дека тој лани присуствувал на свадбата на својата ќерка, во статијата ова се демантира и се вели дека Михаел не бил дел од семејната веселба.
Со синот и ќерката
А. Ј. | Црнобело
