Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам што не бев на погребот“

Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во сообраќајка во јули 2025, а голем дел од јавноста до денес го осудува Кристијано Роналдо што не се појави на погребот на својот соиграч.

kristijano-ronaldo-za-smrtta-na-diogo-zhota-bev-so-djordjina-koga-doznav-plachev-mnogu-no-ne-se-kaam-shto-ne-bev-na-pogrebot-01.jpg

Кристијано Роналдо, најдобриот португалски фудбалер, но и еден од најдобрите во светот, ретко дава интервјуа. Сепак, тој имаше долг разговор со британскиот контроверзен новинар Пирс Морган.

А во интервјуто, каде што кажа дека не смета дека Лео Меси е подобар фудбалер од него, Роналдо првпат прозборе и за смртта на својот соиграч од репрезентацијата, Диого Жота, кој загина во страшна сообраќајка само две недели по свадбата.

Тој, на некој начин ги потврди гласините дека не се појавил на погребот за да не се сврти целото внимание кон него, наместо на загинатиот фудбалер и неговиот брат.

kristijano-ronaldo-za-smrtta-na-diogo-zhota-bev-so-djordjina-koga-doznav-plachev-mnogu-no-ne-se-kaam-shto-ne-bev-na-pogrebot-03.jpg

„Луѓето многу ме критикуваа, но не ми е гајле, затоа што не мислам дека треба да се грижам за тоа што мислат другите.

Прво, по погребот на татко ми никогаш не сум стапнал на гробишта. Второ, ја знаеш мојата репутација, каде и да се појавам станува циркус.

Не отидов и затоа што ако отидам некаде, вниманието се врти кон мене, а не сакам таков вид на внимание.

Може да ме критикуваат, но се чувствувам добро во однос на мојата одлука“, рекол Кристијано.

kristijano-ronaldo-za-smrtta-na-diogo-zhota-bev-so-djordjina-koga-doznav-plachev-mnogu-no-ne-se-kaam-shto-ne-bev-na-pogrebot-02.jpg

Тој раскажал и дека во моментот кога дознал за несреќата, бил на семеен одмор.

„Бевме сами со Џио, беше утро и наш момент да се опуштиме во теретана. Не можев да поверувам кога ми ја пратија пораката.

Плачев многу, Џио може да го потврди тоа. Смртта на Диого беше тежок момент за земјата, за неговото семејство, пријателите, соиграчите“, додал Роналдо.

За потсетување, репрезентативецот на Португалија и неговиот брат загинаа на автопат во Шпанија, кога со автомобилот удриле во банкина и возилото се запалило. Тие биле на пат кон Англија, каде што живееја, а Диого играше за „Манчестер Јунајтед“.

kristijano-ronaldo-za-smrtta-na-diogo-zhota-bev-so-djordjina-koga-doznav-plachev-mnogu-no-ne-se-kaam-shto-ne-bev-na-pogrebot-04.jpg

Несреќата се случи неполни две недели откако фудбалерот се венча со својата љубов од детството, со која доби три деца.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ ... На последниот танц на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува побед...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...

Најчитани неделава