Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ имаа емотивен момент (видео)

На „последниот танц“ на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува победа над Хрватска и со тоа се сруши сонот на Лука Модриќ да стигне до трофејот, двајцата имаа емотивен момент и Кристијано откри што му кажал на Лука по мечот. Португалецот ги трогна сите и откако го облече дресот на Жота, на денот на годишнината од неговата трагична смрт. 

ronaldo-obleche-dres-na-pochinatiot-diogo-zhota-i-mu-ja-posveti-pobedata-nad-hrvatska-so-luka-modrikj-imaa-emotiven-moment-video-01.jpg

Синоќа во Торонто, се одигра легендарен меч на Светското првенство, помеѓу Португалија и Хрватска, а ѕвездите Лука Модриќ и Кристијано Роналдо, го имаа „последниот танц“ на заеднички терен, како што многумина ја нарекоа оваа средба.

Тие со години беа блиски соиграчи во „Реал Мадрид“ и заедно си помогнаа од себе да направат легенди, на кои по долг период повторно им се сретнаа патиштата, а само на еден од нив му се исполни сонот да добие шанса да се бори до крај за да го крене трофејот, со оглед на тоа што двајцата се 40-годишници.

Двете екипи одиграа одличен меч, исполнет со поништени голови и дискутабилни ситуации, а на крај, Португалија извојува победа над Хрватска со 2:1 и со тоа ги елиминираше Хрватите од понатамошните фази во првенството.

Со овој резултат, се исполни сонот на Кристијано Роналдо да има шанси да продолжи до крај, но не и на Лука.

По мечот, тие имаа емотивен момент, се прегрнаа, а Кристијано подоцна откри и што му кажал на Модриќ. 

@archerhayesofficial

ITS OVER😭💔 The final hug between Ronaldo & Modric😔 Emotional moment for real madrid fans! 😫 #fifaworldcup2026 #ronaldo #croatia #portugal #emotional

♬ original sound - Archer Hayes

„Со Лука играв многу натпревари и сме отприлика на иста возраст. Тој е легенда во фудбалот.

Му реков – Честитки за сè! Би сакал да те видам пак и ти посакувам сè најдобро во следните години од твојата кариера.

Беше убаво да се игра со него повторно“.

Освен овој емотивен момент, имаше уште еден, кога по крајот на натпреварот, Роналдо го облече дресот на соиграчот Диого Жота со број 21, фудбалерот кој пред точно една година, на истиот ден, трагично го загуби животот.

„Оваа победа е посветена на него. Беше посебен ден и среќни сме што победивме на овој ден, му оддадовме почит на најдобар можен начин со тоа што продолжуваме понатаму“ – изјави Роналдо.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Роналдо со срце од злато! Го критикуваа дека не дојде на погребот на Диого Жота, а тој ќе плаќа за ш... Откако светските медиуми го критикуваа Кристијано Роналдо што не дојде на погреб...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...

Најчитани неделава