Во сообраќајка загина фудбалерот Диого Жота (28), две недели по свадбата со љубовта од детството

До несреќата, наводно, дошло поради пукање на гума на возилото, по што тоа излетало од патот и се запалило. Освен ѕвездата на Ливерпул, се верува дека загинал и неговиот брат Андре (26), кој го возел автомобилот.

vo-soobrakjajka-zagina-fudbalerot-diogo-zhota-28-dve-nedeli-po-svadbata-01_copy_copy.jpg

Репрезентативецот на Португалија и ѕвезда на Ливерпул, Диого Жота, загина рано утрово во сообраќајна несреќа во покраината Замора, во западна Шпанија.

vo-soobrakjajka-zagina-fudbalerot-diogo-zhota-28-dve-nedeli-po-svadbata-004.jpg

Со него, наводно загинал и неговиот брат Андре (26), кој управувал со возилото марка Lamborghini.

Според шпанска „Марка“, несреќата се случила на автопат во близина на градот Ваљадолид.

vo-soobrakjajka-zagina-fudbalerot-diogo-zhota-28-dve-nedeli-po-svadbata-005.jpg

Според истиот медиум, до несреќата дошло поради пукање на гума на возилото, по што тоа излетало од патот и се запалило.

На интернет се споделува и видео од пожарот по несреќата (кликнете за да го погледнете):

Очевидец на несреќата, кој повикал полиција и противпожарна, рекол дека автомобилот горел, а дека се запалила и околната вегетација.

Веста за смртта на Жота доаѓа само две недели откако спортските медиуми пишуваа дека младиот фудбалер направи свадба и се венча со својата љубов од детството, Рут Кардозо.

Парот има три деца - синовите Денис и Дуарте, и ќерката која се роди во 2024, но чие име не го открија јавно.

Прочитајте и Се запознале на 16 години, се венчаа 11 дена пред да загине: Љубовната приказна на Диого Жота и сопругата заврши трагично

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...
Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија Диего Марадона почина од инфаркт, но последните денови од животот му биле ужасни...

Најчитани неделава