Се запознале на 16 години, се венчаа 11 дена пред да загине: Љубовната приказна на Диого Жота и сопругата заврши трагично

Португалскиот фудбалер се заљубил во Рут кога имал 16 години, во 2012 година, а потоа почнале врска во која таа му била најголема поддршка - парот има три деца, а најмалото дете се роди на крајот на 2024-та.

se-zapoznale-na-16-godini-se-venchaa-11-dena-red-da-zagine-ljubovnata-prikazna-na-diogo-zhota-i-soprugata-zavrshi-tragichno-01.jpg

На само 16 години, португалскиот фудбалер Диого Жота ја запозна жената на својот животот - Рут Кордозо.

Љубовта ја крунисаа со три дечиња и свадба, која се случи пред само 11 дена, на 22 јуни 2025.

Но, она што беше почеток на новото поглавје во нивниот живот, утрово заврши трагично, откако Диого загина во сообраќајна несреќа.

Напаѓачот за англискиот клуб Ливерпул загина заедно со својот помлад брат Андре (26), кој го возел автомобилот во моментот на несреќата.

На социјалните мрежи се споделува и видео од несреќата (кликнете за да го погледнете):

Што знаеме за големата љубов од детството на Диого и Рут?

Португалскиот фудбалер се заљубил во Рут кога имал 16 години, во 2012 година, а потоа почнале врска во која таа му била најголема поддршка.

Таа го следела од Порто до Велика Британија, го бодрела од трибините и го пречекувала со насмевка дури и кога имал падови.

Во овие 13 години љубов, им се родија три деца.

Прво ги добија синовите Денис (4) и Дуарте (2), а на крајот на 2024 година се роди нивната ќерка, чие име никогаш не го открија во јавноста.

Иако биле заедно од 2012, се свршиле 10 години подоцна, во 2022 година, по раѓањето на ќерката.

Но не брзале ни со свадбата, па судбоносното „да“ го кажаа на 22 јуни 2025, само 11 дена пред неговата смрт.

Иако Диого низ годините ретко споделувал моменти од приватниот живот, сепак објавил неколку фотографии од свадбата на Инстаграм.

„Ден што никогаш нема да го заборавиме“ - напишал тој.

На фотките ја гледа Рут заљубено, танцуваат заедно, ја напуштаат црквата во Порто и позираат среќно.

„Да - засекогаш. Мојот сон се оствари“ - напишала Рут на своите фотки.

Инаку, вчера, само еден ден пред трагичната несреќа, беше објавено интервју со Диого, во кое тој вели дека е „најсреќниот човек на светот“.

Повеќе фотографии од Диого и семејството на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg