„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пред 4 години

„Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но зборот ‘Кина’ ми беше тригер и долго време работев со психолози да го надминам тоа. Златниот медал никогаш веќе не го погледнав“, призна австриска параолимпијка, која освои сребро во Милано и Кортина 2026.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-01.jpg

Параолимпијката Карина Едлингер (27) освои сребро во Милано и Кортина 2026 во биатлон, а својот труимф го прослави откривајќи страшна вистина - призна дека била силувана само две недели пред да го освои златниот медал во Пекинг 2022.

Триумфот што тогаш изгледаше како врв во нејзината кариера, беше дополнет со огромна траума, која Карина ја надмина благодарение на терапија со кучиња.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-04.jpg

Карина, која е родена во Австрија, но се натпреварува за Чешка, ѝ донесе прв параолимписки медал на земјата по 16 години.

Таа е една од најуспешните параолимписки атлетичарки на нејзината генерација.

Но, по освојувањето на сребрениот медал, таа им откри на новинарите дека 4 години се борела со траумата од силувањето што се случила само две недели пред да го освои златото на Игрите во Пекинг во 2022.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-03.jpg

Ова признание конечно ја реши дилемата што беше необјаснета со години - само неколку дена пред трката во Пекинг, Едлингер доживеа целосна парализа од вратот надолу.

Ја пронашле како лежи неподвижна на подот, неспособна да ги извршува најосновните задачи како што се јадење или облекување.

Лекарите биле збунети со години што ја предизвикало оваа парализа која траела кратко, но по нејзиното признание стана јасно дека нејзиното тело реагирало на екстремната траума на најлош можен начин.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-05.jpg

„Поминував низ многу мрачни времиња и страдав поради тоа.

Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, а тоа што се случуваше зад мојата ‘фасада’ беше нешто сосема друго.

Зборот ‘Кина’ ми беше тригер и долго време работев со психолози да го надминам тоа. Златниот медал никогаш веќе не го погледнав“, рекла таа.

Карина поминала 14 недели на интензивна терапија по Игрите 2022.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...

Најчитани неделава