„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пред 4 години

Во најтешките моменти, вели, најголема поддршка ѝ било нејзиното куче водич, кој е со неа долго време.

На Карина на 12-годишна возраст ѝ била дијагностицирана Старгардтова болест, ретка генетска состојба што предизвикува прогресивно губење на видот, па затоа секаде оди со своето куче.

„Преживеав благодарение на моето куче - тој ја врати светлината во мојот живот“, рекла таа.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-06.jpg

Шампионката се сеќава и дека докторот кој ѝ ја открил болеста, им рекол на неа и на нејзините родители: „Твојот живот практично заврши. Заборави ги своите соништа, побарајте социјална помош и размислете за помош при живеење и движење“.

Но, Карина вели дека тој момент, наместо да ја скрши, разбудил пркос во неа.

На училиште, нејзините врсници ја малтретирале, наставниците мислеле дека има тешкотии во учењето.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-03_copy.jpg

Поминала низ фаза на тешка депресија и самоубиствени мисли, но го надминала сето тоа, благодарение на спортот.

Како талентирана крос-кантри скијачка на почетокот се натпреварувала против целосно здрави спортисти и била петта во Европа.

Кога нејзиниот вид почнал драстично да се влошува, на 16-годишна возраст, се префрлила на параспортови.

me-siluvaa-2-nedeli-pred-da-osvojam-zlato-vo-peking-paraolimpijka-otkri-zoshto-se-paralizirala-pred-4-godini-02_copy.jpg

„Во пара-светот не бев поинаква или чудна, бев само спортистка. Сè уште бев јас, Карина“, рекла таа.

Веќе во првата сезона освои две светски шампионски титули, една бронза и вкупната победа на Светското првенство, станувајќи тинејџерска ѕвезда, а потоа и параолимписка шампионка.

 А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...

Најчитани неделава