Роналдо со срце од злато! Го критикуваа дека не дојде на погребот на Диого Жота, а тој ќе плаќа за школување на неговите деца
- Детали
- понеделник, 07 јули 2025
Откако светските медиуми го критикуваа Кристијано Роналдо што не дојде на погребот на Диого Жота, сега во јавноста се шири информација дека тој тајно формирал фонд за трите дечиња на својот пријател и дека ќе го плаќа нивното школување.

Откако португалскиот фудбалер Диого Жота загина во сообраќајна несреќа минатата недела, еден од првите кои се збогуваа јавно од него, беше неговиот соиграч од репрезентацијата и пријател, Кристијано Роналдо.
На Инстаграм тој сподели црно-бела фотографија од Жота, и емотивна порака:
„Ова едноставно нема смисла. Сега бевме заедно во националниот тим, сефа се ожени.
На твоето семејство, на твојата сопруга и деца им изразувам сочувство и им ја посакувам сета сила на овој свет. Знам дека ќе бидеш секогаш со нив.
Почивајте во мир Диого и Андре, ќе ни недостигате“.
И покрај ова, Роналдо не се појави на погребот на својот сограч, иако таму беа голем дел од фудбалерите на Ливерпул и португалската репрезентација.
Неговото отсуство беше забележано и од медиумите, кои почнаа да шпекулираат зошто Кристијано не е на погребот.
Според едни, тој не сакал да привлече внимание со своето присуство, според други - не сакал да ги откаже обврските што ги имал договорено за тој ден.
Медиумите коментираа дека „без оглед на причината за неговото непојавување, отсуството на Роналдо остава ‘горчлив вкус во устата’ и е знак на непочитување на Жота“.
Сестрата на Кристијано, Катја Авеиро, го бранеше јавно својот брат, велејќи дека погребот на нивниот татко во 2005 година не бил нималку пријатен поради медиумите кои дошле да го фотографираат Роналдо во моментите на тага.
„Срамотно е што медиумите и на социјалните мрежи се нагласува неговото отсуство, наместо со почит да се однесуваат кон болката на семејството уништено по смртта на двајцата браќа. Ми беше срам да гледам.
Кога почина нашиот татко, моравме да се носиме со присуството на бројните камери и на љубопитни погледи - такво внимание не посакува никој и секако дека такво внимание не му требаше денес на ужаленото семејство“ - напишала таа на Инстаграм.
Два дена по погребот на Жота, кој се одржа близу црквата во која пред 2 недели се венча со својата љубов од детството, Рут Кордоза, на интернет се прошири веста дека Роналдо разговарал со вдовицата на својот пријател.
Тој, наводно, тајно основал фонд и одвоил средства кои се наменети за школување на трите деца на Жота.
На овој начин, тој сака да му помогне на семејството и да ги згрижи децата на својот пријател.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2 недели
А. Ј. | Црнобело
