Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2 недели
- Детали
- сабота, 05 јули 2025
Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави неговиот живот. Чекореше зад ковчегот со наведната глава, а по бдението, кога тргнаа кон гробиштата, Рут одеше скршена, со главата потпрена врз ковчегот.

Два дена по страшната несреќа во која ги загубија своите животи, беа погребани фудбалерите и браќа Диого Жота (28) и Андре Силва (26).

Погребот се одржа денеска во Порто, а пред црквата Capela da Ressurreicao, каде што се одржа бдението, дојдоа илјадници луѓе за да му оддадат почест.

Ова е истата црква во која пред само 2 недели Жота се венча со својата љубов од детството Рут Кордоза.

Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави неговиот живот, тоа што тој бил и симболизира почитување и достоинствено испраќање во венчноста.

Таа чекореше зад ковчегот на Жота со наведната глава, додека шестмина мажи го носеа полека кон црквата.

По бдението, откако тргнаа кон гробиштата, Рут чекореше со главата потпрена над ковчегот.

Двајцата браќа се погребани на гробиштата кои се на само стотина метри од црквата во која Жота се венча со Рут.

На погребот дојдоа и многу фудбалери од Ливерпул, клубот за кој играше Жота.

Пред стадионот Енфилд и денес се оставаат цвеќиња, се палат свеќи, а од клубот најавија дека на семејството на загинатиот фудбалер ќе ги исплатат сите пари од договорот кој Жота ги имал со клубот.

Прочитајте и Се запознале на 16 години, се венчаа 11 дена пред да загине: Љубовната приказна на Диого Жота и сопругата заврши трагично
А. Ј. | Црнобело
