Шакира стана хит на Светско: Додека обезбедувањето ја тера да побрза за настап, таа заигра танго со еден од нив

Иако на вакви големи настани секој чекор е предвиден до секунда, Шакира, се чини воопшто не брза да стигне на време за отворањето на Светското првенство во фудбал и да го следи протоколот.

shakira-stana-hit-na-svetsko-dodeka-obezbeduvanjeto-ja-tera-da-pobrza-za-nastap-taa-zaigra-tango-so-eden-od-niv-01.jpg

Вчеравечер свечено беше отворено Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

И додека финалето ќе се одржи на стадионот во Њу Џерси, отворањето беше на три стадиони - по еден во секоја држава. Па така, во САД, меѓу другите пееја Кети Пери и Тајла, во Канада Мајкл Бубле и Аланис Морисет, а сепак најзабавно беше на стадионот во Мексико каде се појави Салма Хајек, а главна ѕвезда беше Шакира, која ја пее и химната на првенството.

shakira-stana-hit-na-svetsko-dodeka-obezbeduvanjeto-ja-tera-da-pobrza-za-nastap-taa-zaigra-tango-so-eden-od-niv-04.jpg

Таа со својот енергичен настап ја воодушеви светската публика.

Но, поинтересно беше „зад сцената“, односно пред почетокот на нејзиниот настап.

shakira-stana-hit-na-svetsko-dodeka-obezbeduvanjeto-ja-tera-da-pobrza-za-nastap-taa-zaigra-tango-so-eden-od-niv-05.jpg

Иако на вакви големи настани секој чекор е предвиден до секунда, Шакира, се чини воопшто не брза да стигне на време и да го следи протоколот.

На Твитер се појави видео од моментот кога таа со танчарите оди кон местото на стадионот каде што треба да пее, но тоа го прави полека, без брзање, како да не ѝ е гајле што ќе задоцни, иако обезбедувањето околу неа ја „поттурнува“ за да ја забрза за да стигне на време.

shakira-stana-hit-na-svetsko-dodeka-obezbeduvanjeto-ja-tera-da-pobrza-za-nastap-taa-zaigra-tango-so-eden-od-niv-06.jpg

Но, наместо за побрза, таа оди полека, се забавува, па дури и фаќа еден член од обезбедувањето за рака и почнува да игра танго со него.

Мажот делува дека ужива во моментот што е во прегратка на Шакира, додека другите панично го тргаат на страна и повторно се обидуваат да ја натераат пејачката да побрза.

shakira-stana-hit-na-svetsko-dodeka-obezbeduvanjeto-ja-tera-da-pobrza-za-nastap-taa-zaigra-tango-so-eden-od-niv-02.jpg

„Шакира само сака да танцува, не ѝ се брза“, пишува на Твитер.

Погледнете го видеото:

/video/1

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg