Фудбалери се степаа со боксови, Меси „влијае“ на судијата да даде непостоечки црвен картон - Срамен крај на Светско 2026

По кратка расправија и меѓусебното туркање, ситуацијата ескалира, а на видеото што се споделува на социјалните мрежи (а не се виде на преносот), Родри паѓа на земја, додека Молина замавнува кон него.

fudbaleri-se-stepaa-so-boksovi-mesi-vlijae-na-sudijata-da-dade-nepostoechki-crven-karton-sramen-kraj-na-svetsko-2026-01.jpg

По 5 недели фудбалски возбудувања, одлични (но и здодевни) натпревари, вчеравечер (19.07) заврши Светското првенство во фудбал, чиј домаќин годинава беа САД, Мексико и Канада.

Шпанија го крена трофејот, откако по продолженијата го победи бранителот на титулата, репрезентацијата на Аргентина со 1:0.

fudbaleri-se-stepaa-so-boksovi-mesi-vlijae-na-sudijata-da-dade-nepostoechki-crven-karton-sramen-kraj-na-svetsko-2026-02.jpg

Шпанците беа подобри во текот на целиот натпревар (Аргентина во регуларниот дел немаше ниеден удар кон голот на Шпанија), имаа поголем посед на топката, ја диктираа играта.

Меси и неговите соиграчи го имаа можеби најлошото издание на Мундијалот, и по поразот својот револт, лутина, тага за изгубената титула, дел од нив ја покажаа и со боксови.

Откако словенечкиот судијата Славко Винчиќ свиреше крај на натпреварот, почна вербален конфликт меѓу капитенот на Шпанија Родри и Аргентинецот Науел Молина.

fudbaleri-se-stepaa-so-boksovi-mesi-vlijae-na-sudijata-da-dade-nepostoechki-crven-karton-sramen-kraj-na-svetsko-2026-021.jpg

По кратката расправија и меѓусебното туркање, ситуацијата ескалира, а на видеото што се споделува на социјалните мрежи (а не се виде на преносот), Родри паѓа на земја, додека Молина замавнува кон него.

Во инцидентот беше вклучен и Леандро Паредес, кој го зграпчи за врат шпанскиот играч Ерик Гарсија, а потоа го нападна Гави.

fudbaleri-se-stepaa-so-boksovi-mesi-vlijae-na-sudijata-da-dade-nepostoechki-crven-karton-sramen-kraj-na-svetsko-2026-021_copy.jpg

Иако натпреварот беше завршен, тој доби црвен картон за неспортско однесување и ќе ја очекува казната од ФИФА.

Срамното однесување на Аргентинците продолжи и во текот на церемонијата на доделување на медалите - сите им свртеа грб на шпанските фудбалери во моментот кога го креваа пехарот и ја славеа победата.

Уште еден момент го засени сјајот на финалето, а тоа е неспортското однесување на ѕвездата Леонел Меси.

Иако е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, тој вчеравечер потфрли како играч.

Пред крајот на натпреварот, додека Шпанецот Кубаси лежеше на тревата, по повреда, Кукуреља му се приближи на Меси, кој делуваше нервозно и ја прекри устата со рака, за да му покаже дека на Кубаси му е повредена устата.

fudbaleri-se-stepaa-so-boksovi-mesi-vlijae-na-sudijata-da-dade-nepostoechki-crven-karton-sramen-kraj-na-svetsko-2026-03_copy_copy.jpg

Меси го искористи ова како причина да притрча до судиите, и проба да влијае на нив да му дадат црвен картон на Кукуреља (зашто пред првенството на листа прекршоци кои ќе се казнуваат со црвен картон беше и таа за прекривање на устата - што играчите ја прават често).

Судијата не го санкционираше потегот на Кукуреља, а Мети стана цел на потсмев и негативни коментари.

„Дури и кралот на фудбалот покажа подли движења - ова воопшто не му прилега“, пишуваат на Твитер.

И поранешниот британски фудбалер Вејн Руни го осуди неспортскиот потег на Меси.

„Потег направен од очај. Но, Аргентина така игра, знаеме дека го прави тоа.

Сите сакаме спортско однесување. Беше тажно да се види Лионел Меси како го прави тоа“, рече Руни.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите ... Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за друга...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
Тригодишниот брат на Ламин Јамал стана хит на Светско 2026 – ги освои срцата на сите, радосно се гуш... По победата на Шпанија, слаткиот тригодишен брат на Ламин Јамал (19) стана вирал...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Шакира стана хит на Светско: Додека обезбедувањето ја тера да побрза за настап, таа заигра танго со ... Иако на вакви големи настани секој чекор е предвиден до секунда, Шакира, се чини...

Најчитани неделава