Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што не сте ги знаеле
- Детали
- сабота, 11 јули 2026
Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патувања, но самите фудбалери не добиваат пари. Може да им биде исплатена некоја симболична сума од нивната федерација, но за некои фудбалери, како Роналдо, овие пари не значат ништо.

Во тек е Светското фудбалско првенство, а годинава еуфоријата е толку голема, што интерес покажуваат и луѓето кои обично игнорираат спорт.
Некои се фокусираат на натпреварите, на некои им се забавни навивачите, други сакаат да ги видат фудбалските ѕвезди како Роналдо и Меси, а некои следат само за многуте шеги и забавни моменти.
А, дури и да не сте личност која сака фудбал, веруваме дека ве интересира што се случува на Светско „зад сцените“.
Неколку факти за тоа како функционира Светското фудбалско првенство:
Црвените и жолтите картони носат парична казна
Според правилата на ФИФА, жолтиот картон носи парична казна од 10.000 долари за тимот што го добил.
Црвениот картон, пак, може да донесе казна и од 15.000 до 20.000 долари, во зависност од ситуацијата на терен.
Тимовите може да се соочат и со групни казни. Ако пет или повеќе играчи добијат некаква санкција за време на еден натпревар, ФИФА може да одреди парична казна за тимот од 15.000 долари.
Тимовите што се натпреваруваат добиваат голема сума за да се подготват за натпреварот
Во 2026 година, на Светското фудбалско првенство се натпреваруваат 48 тимови, односно држави.
На сите заедно, ФИФА им исплати дури 871 милион долари за подготовка.
Секој од тимовите доби околу 12,5 милиони долари. Од оваа сума, околу 2,5 милиони се „пари за подготовка“ кои се наменети за патувања, логистика, но и обезбедување простор за тренирање на фудбалерите.
Исто така, секој тим доби и 10 милиони долари само затоа што се квалификувал во првенството.
Сите тимови ќе добијат парична награда во зависност од пласманот
Никој од тимовите нема да го напушти Светско со празни раце, дури ни оние кои веќе излегоа од натпреварот.
Секако, најмногу пари ќе земе победникот на Светско, но солидна сума ќе добијат и останатите тимови.
Според досегашните информации, ова се сумите што ќе бидат исплатени според пласманот на Светско:
- Прво место – 50 милиони долари
- Второ место – 33 милиони долари
- Четврто место – 27 милиони долари
- 5-то до 8-мо место – 19 милиони долари
- 9-то до 16-то место – 15 милиони долари
- 17-то до 32-ро место – 11 милиони долари
- 33-то до 48-мо место – 9 милиони долари