Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 долари

Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегувањето на Карл Ентони Таунс во соблекувалната во јакна со христијански мотив и реакцијата на Никола Јокиќ и Стеф Кари.

nikola-jokikj-vo-neveruvanje-nba-dzvezda-nosi-jakna-so-vez-kako-sv-gjorgi-ja-ubiva-azhdajata-chini-20-000-dolari-01.jpg

Изминатиов викенд во Лос Анџелес се одржа најголемиот натпревар во НБА, каде што играа најдобрите кошаркари од лигата, поделени во два тима - „Ѕвезди“ и „Свет“.

Меѓу оние што играа на турнирот беа и Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Стеф Кари, Џејлен Браун, Леброн Џејмс и многу други.

nikola-jokikj-vo-neveruvanje-nba-dzvezda-nosi-jakna-so-vez-kako-sv-gjorgji-ja-ubiva-lamjata-chini-20-000-dolari-06.jpg

Сепак, еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот викенд, беше влегувањето на Карл Ентони Таунс во соблекувалната во јакна со христијански мотив, на која има вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, и реакцијата на Никола Јокиќ.

nikola-jokikj-vo-neveruvanje-nba-dzvezda-nosi-jakna-so-vez-kako-sv-gjorgji-ja-ubiva-lamjata-chini-20-000-dolari-08_copy.jpg

Српскиот кошаркар ја забележува јакната, доаѓа до Таунс и му вели „Ова е српски мотив“.

„Српски?“ прашува Таунс.

nikola-jokikj-vo-neveruvanje-nba-dzvezda-nosi-jakna-so-vez-kako-sv-gjorgji-ja-ubiva-lamjata-chini-20-000-dolari-07_copy.jpg

Јокиќ во тој момент се врти кон фотографите во соблекувалната и им вели ако некој може некој да го фотографира и со прстот покажува кон јакната.

Во нивна близина е Стеф Кари, кој зачудено се наведнува да ја види јакната, па прашува: „Што е српско? Коњот позади?“

nikola-jokikj-vo-neveruvanje-nba-dzvezda-nosi-jakna-so-vez-kako-sv-gjorgji-ja-ubiva-lamjata-chini-20-000-dolari-02_copy.jpg

По натпреварот, на прашање за јакната, Таунс за Mozzart Sport рекол дека не знае многу, освен дека се изработени само 25 јакни со овој мотив.

„Сè е направено во соработка со Џеф Хамилтон и го поздравувам. Јакната е направена по моја мерка, и навистина ми се допаѓа, тоа е вистинско уметничко дело.

Ми се допаѓа како се направени шевовите и сите детали, шаблонот по кој е направена. Го поздравувам и Јокиќ, му благодарам“, им рекол тој на српските новинари од редакцијата на Моцарт.

nikola-jokikj-vo-neveruvanje-nba-dzvezda-nosi-jakna-so-vez-kako-sv-gjorgji-ja-ubiva-lamjata-chini-20-000-dolari-04.jpg

Тие, пак, јавуваат дека за овој конкретен модел на јакна не постои точна цена, но дека е познато дека јакните на Џеф Хамилтон се продаваат за околу 20.000 долари.

Погледнете го видеото од соблекувалната и реакциите на Јокиќ и Кари:

Прочитајте и Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски - Македонски шмек на All Star викендот

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Скандалозната врска на НБА ѕвездата Скоти Пипен (60) со 23-годишна девојка поттикна лавина реакции: ... Едни велат дека намерно избрал 23-годишна девојка, како одмазда кон екс-сопругат...
Фудбалер на Арсенал исмеан поради крупната сопруга: „Богат е и згоден, може тој и подобро од неа“ „Деклан Рајс е милионер, фудбалска ѕвезда, фит, висок и згоден, но реши да избер...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...

Најчитани неделава