Скандалозната врска на НБА ѕвездата Скоти Пипен (60) со 23-годишна девојка поттикна лавина реакции: „Што мисли татко ѝ за ова?“
- Детали
- среда, 08 јули 2026
Едни велат дека намерно избрал 23-годишна девојка, како одмазда кон екс-сопругата Ларса, која го изневери многупати, дури и со синот на Мајкл Џордан, најдобриот пријател на Пипен. Џордан носеше дрес со бројот 23 во Булс, па некои возраста на девојката директно ја поврзаа конкретно со ова неверство на Ларса.

Поранешната НБА ѕвезда, и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Скоти Пипен (60), пет години по разводот се појави во јавност со нова девојка.
Американските медиуми пишуваат дека таа има 23 години, а разликата меѓу неа и некогашниот кошаркар на „Чикаго булс“ е цели 37 години, поради што веднаш беше окарактеризирана како скандалозна.

Нивното прво заедничко појавување, каде тие насмеани и среќни позираат пред камерите, предизвика бројни коментари и во медиумите и во социјалните мрежи.
Едни велат дека намерно избрал 23 годишна девојка, како „одмазда“ за екс сопругата Ларса, со која беше во брак 24 години, а која го изневери и со синот на Мајкл Џордан, најдобриот пријател на Пипен.

Џордан носеше дрес со бројот 23 во Булс, па за некои возраста на девојката директно ја поврзаа конкретно со ова неверство на Ларса.
Не е тајна дека таа многупати го изневерила својот поранешен сопруг, со кого има 4 деца, и токму нејзините неверства беа причина за разводот.

Но, на социјалните мрежи има многу негативни коментари за разликата во возраста на парот, која е цели 37 години.
„Ова е бизарно. Скори Пипен наскоро ќе полни 61 година. Луѓето го изгубија својот прав пат“,
„Мислев дека му е ќерка“,
„Што ли мисли татко ѝ за ова?“,
„Ова е толку погрешно... кога таа се родила, Скоти бил во доцните 30-ти“, се дел од коментарите.
Има и такви што го поддржуваат екс-кошаркарот, велејќи дека заслужува љубов по сите неверства од поранешната сопруга, а други пак, коментираат дека таа „ќе го сака додека ѝ дава пари и ќе го остави за неколку месеци“.
Пипен, пак, не го открива нејзиниот идентитет и до сега нема официјален коментар.

Кликнете да го погледнете видеото:
А. Ј. | Црнобело