Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибрахимовиќ
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на таблоидите“, во јавноста објави видеа и фотографии од забави на италијански фудбалери со ескорт девојки.

Видеата од забавите на Тео Ернандез, кој беше член на „Милан“ од 2019 до 2025 е последниот од низата скандали што го тресе италијанскиот фудбал.
Иако снимките сами по себе не се експлицитни и на нив се гледаат само девојки и фудбалери кои играат, фактот дека станува збор за ескорт дами (кои се претставуваат како модели), го квалификуваше целиот случај како „скандалозен“.

На видеата може да се видат поранешни играчи на „Милан“, меѓу кои и Тео Ернандез и Самуел Кастиљехо, како играат со девојките, а потоа вдишуваат таканаречен „гас за смеење“.
Според Корона, забавите ги организирал самиот Ернандез, кој закупувал комбе, а потоа со комбето ги носеле и девојките и гостите на приватна локација.

Меѓу гостите постојано биле и други членови на клубот, меѓу кои и Чалаханоглу, Брахим Дијаз, Донарума и Тонали, а поретко доаѓал и Леао.
На забавите на Ернандез присуствувал и Златан Ибрахимовиќ, но тој, наводно, дошол само еднаш.

Снимките се објавени и на Твитер:
А. Ј. | Црнобело